Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меркел утре ќе го омекнува Макрон да попушти за Северна Македонија и Албанија

0
By Нова ТВ on October 12, 2019 СВЕТ
Фото: france24.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон утре треба да остварат средба, која, како што објави германската државна агенција ДПА, дипломатите ја сметаат за последна шанса за убедување на официјален Париз за менување на ставот за блокирање на планираниот почеток на преговори на ЕУ со Северна Македонија и со Албанија.

„Се надеваме дека Париз уште еднаш ќе размисли за својата позиција и дека нема да дозволи да биде изолиран во Европа од внатрешно-политички причини“, вели дипломат во Брисел за германската агенција.

Оценка е дека оној што сега ќе го блокира пристапниот процес ќе биде одговорен за можната дестабилизација на регионот.

Германската Влада смета дека Северна Македонија и Албанија ги исполниле сите услови што од нив ги побарала Европската Комисија. Германската агеција ДПА нагласува дека блокадата ќе биде особено горчлива за Северна Македонија, која се согласи на промена на името за да го откочи процесот на интегрирање во Унијата.

Германија не е единствената која не се согласува со францускиот потег, пишува ДПА и додава дека таквиот став го споделуваат и многу други земји-членки на ЕУ.

Франција сака да поднесе предлог за нова методологија во пристапните преговори за членство во ЕУ на министерскиот состанок во Луксембург, со што би можело третпат да се одложи одлуката за отворање преговори за Албанија и Северна Македонија. Поголемиот дел од земјите во ЕУ се изјаснија за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

В понеделник е свикан нов состанок на COREPER, како обид за постигнување на консензус пред министерскиот Совет за општи работи кој треба да заседава во вторник, на 15-ти октомври во Луксембург.

Албанија Ангела Меркел Емануел Макрон ЕУ преговори Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.