Претседателот на Либерално демократската партија (ЛДП), Горан Милевски не сака да ги коментира написите во дел од медиумите за новото парламентарно мнозинство во кои се провлекува и ЛДП како учесник во разговорите за прекројување на собранискиот состав.

„Не ги коментираме изјавите за актуелните случувања. Во постојана комуникација сме со нашите пријатели и ЛДП со своите постапки нема да ја загрози меѓународната позиција на државата“, изјави Милевски за Нова ТВ.