Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милошоски до Заев: Каде е најавуваната инвестиција од Фејсбук и Гугл

0
By Нова ТВ on November 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 29, 2018 14:04

Инвестициите од Фејсбук и Гугл е извесна можност и штом ќе имаме податоци ќе излеземе пред Парламантот за промена на данокот за добивка за компаниите од информатичката технологија, да го намалиме од 10 на три проценти, оти тоа е дел од пакетот на понудата во разговорите со ваквите компании, рече премиерот Зоран Заев на денешната собрансика седница посветена на пратенички прашања.

-Ако Македонија ги заокружи политичките процеси и тоа се потврди преку уставните измени и стане извесно членството на НАТО, кое е важно за вакви компании за да ја реализираат својата инвестиција сите заедно ќе му помогнеме на бордот директори да донесе позитивна одлука за инвестицијата во Македонија, рече Заев одговарајќи на прашање од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Милошоски реплицираше дека кога биле најавувани овие две инвестиции не биле условувани со членството на Македонија во НАТО. Тој го потсети Заев дека во телевизиска емисија во септември 2017 година кажал дека разговараат со Фејсбук и со Гугл, а на 19 септември лани, се сретнал со извршниот директор Џерад Коен на кого му ги презентирал условите за инвестирање во Македонија.

-Вработување на нови 50 луѓе во Владата за да ставаат лајкови на вашите постови е единствената инвестиција што сте ја направиле од Фејсбук. Кога ги најавувавте инвестициите, не рековте дека ќе дојдат по членството во ЕУ и НАТО, најрано во НАТО може да влеземе до 2020 година. Излегува дека сте лажеле за странски инвестиции, а членството во ЕУ и НАТО го користите како алиби за вашиот неуспех. Дали 14 вработувања во сендвичарата на ланецот ‘КФЦ’ е сериозна странска инвестиција. Сте сакале да создадете привид дека нешто работите, но или немате способност да ги донесете или вашиот тим не ви дава веродостојни податоци, рече Милошоски.

Во однос на младинската гаранција Заев изрази задоволство од остварување на таа мерка, која рече е дополнета со мерките од Агенцијата за вработување, но и со странските инвестиции што се случуваат во Македонија.

-Апсолутно не е точно дека нема странски инвестиции, бидејќи има 327 милиони евра странски инвестиции во првото полугодие од годинава и овде се спроведува дел од младинската гаранција, затоа што посебно геманските компаниие директно и со одредени среднишколци се влезени во нивна практична подготовка по нивното средно образование полесно да најдат работа, но се влезени и во партнерски однос со Владата за подоготовка на високообразовани млади луѓе кои исто така ќе најдат работа, рече Заев.

Милошоски му реплицираше дека бројките од МТСП говорат за 123 луѓе во Струмица, Гостивар и Скопје се во работен однос со младинската гаранција која предвидува четири месеци по дипломирањето гаранција за дообразување и вработување, а за 640 лица е направен индивидуален план за вработување.

-Зборувате за првите два месеца од почетокот на младинската гаранција во првите три пилот општини, но досега се вработени 1.400 млади. Македонија е единствена во регионот која ја спроведува и каде дава конечен резултат за вработување на млади луѓе по дипломирањето, но и заради другите активни мерки за вработување. Во наредната година ќе се спроведува во три региони, а од 2020 во целата држава, рече Заев.

 

вработувања Гугл Заев инвестиција Милошоски младинска гаранција Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.