Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерство за здравство: Двете градски болници достапни за граѓаните на 7 мај

0
By Нова ТВ on May 4, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пациентите од целата држава непречено ќе добијат секаква здравствена интервенција за време на посетата на папата Франциск и соодветно ќе биде одговорено на сите итни медицински потреби на граѓаните. Ова е порака од Министерството за здравство врз основа на посебно изготвен план по повод посетата на високиот гостин во вторник на Скопје.

„Клиничкиот центар во Скопје ќе биде прилагоден на посебните меѓународни стандарди што се применуваат во сите земји кои ги посетува Папата, со цел најпрофесионално и најбрзо да се одговори на евентуални медицински потреби на високата делегација предводена од Папата. Паралелно, Министерството за здравство изработи посебен план со кој ќе овозможи непречена здравствена заштита на сите граѓани кои ќе имаат потреба“, се наведува со соопштението на Министерството за здравство.

Од таму апелираат до сите граѓани да се упатуваат во Градската општа болница „8 Септември“ (поранешна Воена болница) за сите здравствени потреби, како и во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (поранешна Градска болница) за сите потреби поврзани со дигестивна хирургија, трауматологија, ортопедски болести, реанимација и интензивно лекување, урологија и неврохирургија.

„Овие здравствени установи ќе бидат со полн капацитет и полна мобилност тој ден, со цел да одговорат на потребите на граѓаните. Клиничкиот центар останува отворен што значи дека сите граѓани со итни потреби до кои нема да стигне апелот за користење на болниците „8 Септември“ и „Св. Наум Охридски“, а кои, сепак, ќе се упатат кон Клинички, ќе бидат прифатени и ќе добијат интервенција. Исто така, граѓаните можат да се упатат кон Клиничкиот центар и за сите услуги на Клиниката за детски болести и на Клиниката за гинекологија и акушерствo“, е нагласено во дописот до медиумите.

Поради посебниот сообраќаен режим, приватни возила нема да се пропуштаат до паркиралиштата на Клинички центар до кои пристап ќе имаат само возилата на Итната медицинска помош. Забраната за приватни возила во кругот на Државна ќе почне во понеделник во 18 часот и ќе трае 24 часа.

Од здравство информираат дека поради посебните протоколи поврзани со посетата на Папата, сите редовни прегледи на клиниките во Клиничкиот центар што граѓаните ги имаат закажано за 7 мај во рамките на „Мој Термин“ ќе бидат презакажани во најбрз можен рок по седми мај.

граѓани здравство клинички Министерство Папа Франциск посета услуги
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.