Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министри за одбрана и шефови на дипломатии на земјите од ЕУ денеска на средби во Словенија

0
By Sashko on September 2, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министрите за одбрана и за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) денеска ќе имаат средби во Словенија, на кои ќе разговараат за голем број теми, вклучувајќи ја и безбедносната и хуманитарната криза во Авганистан по повлекувањето на меѓународните трупи.

Министрите за одбрана ќе се фокусираат на тековните безбедносни предизвици и Стратешкиот компас на ЕУ, клучен воен концепт кој се обидува да обезбеди поголема стратешка автономија за Унијата, jaви агенцијата СТА.

Се очекува да стане збор и за прашањето за европски сили за брза реакција од 5.000 војници, откако неодамна високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел ја истакна нивната потреба во контекст на авганистанската криза.

На состанокот ќе се разговара и за регионот Сахел, Либија, Мозамбик и Западен Балкан, што е еден од приоритетите на словенечкото претседателство со ЕУ.

Домаќин на средбата е словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин, а на дискусијата ќе се придружи и заменикот генерален секретар на НАТО, Мирчеа Ѓоана и заменикот генерален секретар на ОН за мировни операции, Жан-Пјер Лакроа.

На состанокот ќе присуствува и Борел, кој потоа ќе претседава со дводневниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, кој почнува денеска, на кој министрите за надворешни работи ќе се фокусираат на Авганистан. Освен за Авганистан, се очекува на оваа средба да се разговара за односите меѓу ЕУ и Азија, како и дека министрите ќе дискутираат за односите на Унијата со Кина и земјите од Заливот.

Авганистан Агенција за национална безбедност ЕУ министри Свет Словенија средби
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.