Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Годишно ќе вложиме 2,5 милијарди денари во образование, наука и спорт

0
By Нова ТВ on June 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 28, 2020 10:12

Заев и коалицијата на СДСМ и Беса не нудат ништо освен порази, криминал и корупција и единствено на што се подготвени е да тргуваат со националното достоинство и со честа со угледот на луѓето, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на вчерашната посета во Виница.

Мицкоски истакна дека во проектот „Обнова“, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на термо-енергетски фасади за граѓаните кои пола ќе ги прати државата, бесплатен приклучок на гас за секое семејство за поздрава животна средина, но и најмалку 640 милиони евра субвенции за земјоделците во еден мандат и загарантиран откуп.

„Ќе има за секого по нешто. Реновирана болница, културен дом, училишта, еден денар во културата, најмалку 800 милиони денари годишно од оние три денари акциза која што ги наметна оваа репресионистичка власт ќе бидат наменети за културата. Осумстотини милиони денари за образованието, 800 милиони денари годишно за спортот, 2,5 милијарди денари годишно за светото тројство образование наука и спорт годишно наместо пари во буџетот, а потоа во тендерите во четири очи. Во овие 360 страници ќе наидете на многу реконструирани канали за наводнување на нашите ниви, но ќе наидете и на нешто што ќе го врати нашето достоинство“, изјави Мицкоски.

Додаде дека токму затоа по 15 јули ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже како може за само шест месеци за секој за кој што постои основано сомнение за криминал, дали бил од СДСМ, дали бил од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса, политички определен или неопределен, да ја дочека правдата пред сопствената врата.

„Ви ветувам правда без исклучок и почитување на законите. Заврши времето на политичките деспоти. Политичар повеќе нема да биде привилегирана каста. Помина времето на политички мочуришта и неуспеси. Доаѓа времето кога Македонија се исправа. Доста беше чувството на граѓани од втор ред. Ќе има минимум 25 проценти поголема плата во еден четиригодишен мандат, ќе има минимум 20 отсто повисоки пензии за пензионерите, минимум 1.000 километри локални и регионални реконструирани патни правци“, изјави Мицкоски.

Тој ги повика виничани на 15 јули да излезат масовно и да ја поддржат листата на ВМРО-ДПМНЕ која во нивната единица ја предводи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

ветување Виница Вложувања ВМРО-ДПМНЕ Избори 2020 Проект „Обнова“ трибина Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.