Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби заедно со уште едно лице со дипломатско возило вчера ја напуштил земјава и заминал во Косово.
Мицкоски ова го потенцира во вечерашното гостување во „Click Plus” на ТВ21 кое треба да емитува со почеток од 21:30 часот.
-Моите информации се дека поранешниот директор на Државна Лотарија подолго време не е во земјата. Додека, поранешниот вицепремиер во текот на вчерашниот ден со еден стопанственик, со возило со дипломатски таблици ја напуштил Македонија и се упатил кон нашиот северен сосед Косово, рече Мицкоски.