Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Избори не може да има до 30 јули, ако Владата сака да исполни дел од мерките

0
By Нова ТВ on May 22, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 22, 2020 15:08

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски на денешната прес-конференција предупреди дека дел од владините антикризни мерки од вториот и од третиот сет на нема да може да се реализираат доколку на 30 мај не биде продолжена вонредната состојба, бидејќи, како што рече, потоа стапува во сила членот 8а од Изборниот законик и сите вонредни исплаќања се кривично дело.

„Ако Владата е чесна во намерата и ветувањата кои се дел од вториот и од третит сет на мерки и ако навистина сака да ги испорача, тогаш избори не може да се случат по 60 дена од престанокот на вонредната состојба. Што значи ако вонредната состојба прекине на 30 мај, најдоцна до 30 јули не може да има избори. Тогаш не ја говорат вистината и се лицемерни и повторно ги лажат граѓаните“, рече Мицкоски.

Според него, економската поддршка не само што не е испорачана, туку е два до 2,5 пати помалку од она што било предвидено од Владата. Единственото економско достигнување остварливо за Владата е дефицитот и тој е околу 200 милиони евра за четири месеци.

Помош за април, вели Мицкоски, овој месец добиле само 17.813 правни субјекти односно 110.000 вработени и тоа е 2,5 пати помалку од она што било предвидено со Уредбата. Во однос на мерките од третиот сет, рече дека Владата сè уште не соопштила методологија врз основа на која ќе ги дели ваучерите, ниту пак од каде ќе најде пари за тоа. За ВМРО-ДПМНЕ овој сет мерки, освен за пи-ар, нема никаква корисна функција и може да се каже дека е изборна измама. Обвини дека сето ова има за цел да биде едно преизборно ветување преку еднократна мерка.

„Во Владата веруваат дека ќе добијат поддршка од граѓаните кои ќе бидат корисници на овие мерки евентуално по завршувањето на парламентарните избори. Зошто? – Затоа што истото што важеше за вториот сет на мерки ќе важи и за третиот сет на мерки, односно веднаш по 30 мај доколку не биде продолжена вонредната состојба, а сите изгледи се такви дека нема можности за продолжување на вонредната состојба, членот 8а од Изборниот законик, стапува на сила и сите овие вонредни исплаќања на плати, социјална помош и слично, кои не се редовни месечни примања се кривично дело кое е казниво со закон и затворската казна од минимум пет години“, рече Мицкоски.

Сите оние кои ќе се обидат на ваков начин, лажно и лицемерно да ветуваат, да поткупат, потенцираше тој, е сторат кривично дело и ќе добијат кривична пријава. Лидерот на опозцијата ја повика Антикорупциската комисија да излезе со став за сето ова кое, како што кажа, по четврти пат од ресорниот министер и од Владата и беше соопштено на македонската јавност.

Во однос на разговорите за парламентарните избори, Мицкоски рече дека тие ги соопштиле датумите за кои сметаат дека се најдобри за избори и дека се подготвени за компромис.

„Нашите позиции се јасни. Доколку има аргументи кои ние би можеле да ги прифатиме, ние сме тука и подготвени сме за компромис. Ние со ултиматуми не работиме. Ултиматуми кои беа кажани на масата или 21 јуни или избори без опозиција слободно нека им се со среќа“, рече лидерот на опозицијата Мицкоски.

Не ги потврди информациите дека разговори има со посредство на претставници на меѓународната заедница.

„Јас немам такви информации дека има какви било мешања на претставници на меѓународната заедница во Македонија, така што претпоставувам дека и ова е еден дел од оној фолклор на шпекулации и дезинформации кои се присутни во јавноста“, рече Мицкоски.

Тој вети дека по завршување на парламентарните избори, „новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го исполни сето она што било ветено како обврска за стопанството и граѓаните од страна на Владата на СДСМ“. Според него, опозициската партија има јасен пристап и стратегија како да се обнови државата после коронакризата.

Мицкоски, во одговор на новинарско прашање, рече дека не поддржува 58 часовен полициски час, исто како што не го поддржуваше она што се случувапше за Велигден. Која е целта, праша тој, ако по завршување на полицискиот час се продолжи со полиберален пристап.

Влада ВМРО-ДПМНЕ избори мерки Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.