Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Изборот е меѓу истрошени политичари и луѓе кои ќе работат за народот

0
By Нова ТВ on July 10, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ја посети Македонска Каменица и посочи дека ова се прилично предизвикувачки избори затоа што на нив практично се определува иднината на нашите граѓани и потомци, но истовремено и кога треба да ги направиме горди нашите предци.

Според Мицкоски, ова не се какви било избори и се поразлични од сите други во минатото. На овие избори, како што кажа, изборот е меѓу СДСМ и нивните истрошени транзициски политичари без никаква креативна идеја и луѓе кои со својата биографија и животен век не може да гарантираат решение за напластените проблеми што се повеќе се зголемија по овие три години.

„Јас сум убеден дека овие избори ќе завршат со една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, потенцира Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека доаѓа време на политичари кои заедно со народот ќе разговараат што му треба и кои чесно ќе работат за сопствениот народ и држава.

„Ние напишавме програма што ја нарековме „Обнова“ од 360 страни во која ќе најдете како до повисока просечна плата во еден мандат од најмалку 25 отсто, како до 20 отсто повисока пензија и враќање на старото законско решение, како до стапка на невработеност пониска од 10 отсто, четири милијарди евра странски и домашни инвестиции, ослободување на студентите од партиципација во учебната 2020/2021 година, намалување на данокот на додадена вредност за угостителите, историски најнизок рамен данок од 8 отсто, 640 милиони евра субвенции за земјоделците“, додаде Мицкоски во Македонска Каменица. 

ВМРО-ДПМНЕ Избори 2020 кампања Македонска Каменица Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.