Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: На 15 јули ќе заврши политичката кариера на Зоран Заев

0
By Нова ТВ on July 5, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претстојните избори се историски, бидејќи треба да се трасира иднината на македонското поколение, но и да се обели образот на нашите претци кои со живот го платиле она што ние денеска го живееме, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната трибина во Крушево. Тој, како што нагласи, е убеден во победа на неговата партија, а на Зоран Заев му порача дека по 15 јули ќе заврши со политичката кариера.

„Еве од овде, од Крушево кажувам, јас сум Христијан Мицкоски кој ќе те победи Зоране Заев и тука ќе заврши твојата политичка кариера. И еве ти кажувам дека се обврзувам на почитување на твоето право на презумпција на невиност и ќе имаш можност да ја докажуваш невиноста пред судовите. Но, не знам дали ќе успееш во тоа, нагласи Мицкоски.

Според него, земјава на 15 јули ќе биде на историска раскрсница.

„На 15 јули ќе се најдеме на историска раскрсница, дали да прифатиме истрошени и потрошени политичари или ќе одбереме маестро, патриот, човек кој реди успеси и надвор од Македонија и со аплаузи на странските сцени успешно ја промовира македонската култура, родољубот Игор Дурловски. На 16 јули, пак, сите заеднички ќе ги засукаме ракавите и ќе ја кренеме нашата држава од пепелта во која што ни ја оставија Заев и СДСМ“, истакна Мицкоски.

Тој ја обвини власта за национално предавство, за криминал и за корупција.

„Заев и СДСМ се доктори на науки за криминал, грабеж, корупција и национално предавство, на 15 јули граѓаните ќе ги испратат овие измамници на темната страна на историјата, а крушевчани имаат најмногу право на ова, бидејќи овде се случувало она организирано востание и пркос за независна македонска суверена држава уште на почетокот на 20. век. Втората работа е криминал и корупција. И третата работа е тоа што го заробуваат судството и обвинителството да се исперат за некои злодела од минатото и да исконструираат некои дела за политичкиот противник, истакна Мицкоски.

Она што овие избори ги прави поразлични, дополни, е тоа што треба, како што рече, да завршиме со експериментите.

ВМРО-ДПМНЕ Избори 2020 Крушево трибина Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.