Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Недоволно бев информиран за новите протоколи, спремен сум да платам казна

0
By Нова ТВ on June 4, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 4, 2020 09:18

Христијан Мицкоски ноќеска по полноќ преку социјалните мрежи призна дека седел во затворен дел на ресторан во скопско Дебар Маало каде на Пазарната инспекција не и беше дозволено да изврши увид, објави „Дојче Веле“.

„Да, точно е дека бев со двајца мои познаници во ресторан во Дебар Маало, прв пат по укинувањето на забраната за посета на угостителските објекти, поради што и не бев информиран доволно за новите протоколи“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Според новите протоколи за работа на угостителските објекти по укинување на полицискиот час кои владата ги објави на 27 мај годинава е забрането седење во затворен дел на угостителски објекти, односно дозволено е гостите да седат само на тераси и на отворен простор.

„Ако тоа е мојот најголем грев и моја грешка и пропуст, јас тоа го признавам и подготвен сум да платам парична казна поради тоа“, вели Мицкоски.

Но, според информациите од МВР, Мицкоски се соочува со две кривични пријави согласно членовите 205 и 206 од Кривичниот закон – Пренесување заразна болест и Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Вработените во угостителскиот објект на улица „Боемска“ најпрво попладнево не и дозволиле на Пазарната инспекција да направи увид во затворениот дел од ресторанот со образложение дека тој е затворен. По два часа инспекторите виделе како од објектот излегува Мицкоски. Потоа случајот доби и политичка нота.

Следуваше вистинска драма која заврши со ангажман на Единицата за брзо распоредување, чии припадници очекуваа налог од јавен обвинител за да ги земат снимките од безбедносните камери во кафеаната.

Мицкоски во својот статус вели дека приказната со неговата улога во инцидентот била наметната за да се прикрие неуспехот на владата во справувањето со епидемијата на коронавирусот.

„Денес вистинската тема е што имаме 101 новозаразен и четири починати лица. Власта сака да продаде приказна за да ја скрие вистината за себе и фактот дека моето одење во ресторан не зарази никого, но нивната неспособност и СДСМ кластерот, да“, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

За него, целиот случај е доказ дека „власта и параполициските сили диригирани лично од Зоран Заев го следат“.

Дебар маало казна Протоколи ресторан угостителски објект Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.