Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски се откажа од парите за кампања-утре краен рок за пратениците

0
By Нова ТВ on August 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ се откажува од користење на средствата кои се предвидени за политичките партии, а кои што понатаму би се користеле за водење на кампања која што би значела за, против или бојкот на претстојното референдумско изјаснување, изјави денеска лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, повторувајќи го она што го кажа и вчера. 

-Ја користам оваа прилика да апелирам и до владата средствата да ги пренамени за реконструкција и изградба на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Но, истовремено еве да упатам апел до колегите од другите политички партии да не ги користат средствата коишто се предвидени, и истите да ги пренаменат за други цели коишто ќе бидат неопходни за решавање на вистинските проблеми на граѓаните. Еве апелирам и до пратеничката група на СДСМ и до останатите политички партии  коишто се дел од владината коалиција да ги пренаменат средствата, наместо да ги користат во ваква стерилна кампања во која што ќе се обидат лагата да ја претстават како вистина, капитулацијата како победа, изјави Мицкоски за време на денешната посета на Лесновскиот манастир. 

Тој рече дека кампањата што почнува од 10 септември ќе ја водат преку таканаречен нов политички волонтеризам со голем број на волонтери ширум Македонија.

-Ќе се обидеме на граѓаните, без да ги трошиме нивните со мака стекнати пари да можеме да им објасниме на граѓаните за штетните последици од овој капитулантски договор кој што го потпиша владата на СДСМ и Зоран Заев, но, истовремено  да се обидеме да го зачуваме достоинството на македонскиот народ и македонската држава, изјави Мицкоски. 

Претседателот на Собранието Талат Џафери во петокот достави известување до пратеничките групи во кое бара во рок од три дена да одговорат дали ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот која треба да ја спроведе Собранието, како и за тоа каква кампања ќе водат, дали ќе бидат „за“ или „против“ референдумското прашање.

Известувањето е упатено до координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Беса, како и до пратениците на ДПА и Алијансата за Албанците.

Џафери истовремено ги информира пратениците дека по барање на Собранието, Владата донела одлука и одобрила да му се обезбедат средства на Парламентот во висина од 80 милиони денари.

Рокот од три дена Џафери им го дава на координаторите на пратеничките групи за да го известат дали ќе учествуваат во јавната пропаганда и за тоа дали ќе водат кампања „за“ или „против“ референдумското прашање заради планирана и соодветна распределба на овие средства за реализација на јавната пропаганда.

Само пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во петокот соопшти дека со допис го известил Претседателот на Собранието Џафери дека ќе учествува во јавната пропаганда на претстојниот референдум со бојкотирачки став.

Но од Собранието му одговорија дека парите што се издвоени за кампања нема да се делат на секој пратеник одделно, туку Собранието ќе закупи медиумски простор пропорционално врз основа на бројот на вкупниот број на пратеници кои ќе се изјаснат „за“ или „против“.

кампања Мицкоски пратеници референдум Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.