Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицотакис: Го почитуваме Договорот од Преспа, поддршка за Северна Македонија во ЕУ

0
By Нова ТВ on January 8, 2020 СВЕТ
Фото: tovima.gr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 8, 2020 23:27

Договорот од Преспа е испочитуван, но сè уште имаме проблеми со неговото имплементирање како трговските марки и сопствеништвото на брендот, но даваме поддршка за евроатлантската иднина на земјата, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на дебата во Вашингтон.

„Им помагаме на грчките компании да ги заштитат трговските марки „македонски“ и системски работиме на тоа. Но, истовремено кажавме дека ќе го предводиме Западниот Балкан во ЕУ и сакаме грчкото влијание и интереси кај северниот сосед да бидат земени предвид“, рече Мицотакис на дебата во Атлантскиот совет во Вашингтон.

Тој притоа посочи дека е потребен отворен пристапен процес со Унијата.

„Не треба да им ја затвориме вратата в лице“, истакна тој, посочувајќи дека го поддржува пристапувањето и оти е разочаран од ветото на Франција за отворање на преговорите со Северна Македонија.

За пристапувањето на Албанија во ЕУ, пак, истакна дека постојат некои услови како признавањето на правата на грчкото малцинство во таа земја.

„Дали се тоа сопственички права или учество во социјалниот и културниот живот на земјата, не прифаќаме незаштитени права на грчкото малцинство во Албанија“, порача Мицотакис.

Тој истакна дека Грција се наметнува како столб на стабилноста како во источниот Медитеран, така и на Балканот, и оти Вашингтон и Атина сега имаат заедничка агенда да работат кон зголемување на економската стабилност и безбедноста во југоистична Европа, преку економска интеграција на источниот Медитеран и поддршка за евроатлантската иднина на Западниот Балкан.

Грција Договор од Преспа ЕУ Кирјакос Мицотакис Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026Updated:June 12, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави и Иран се на чекор до…

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.