Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Монетарна политика: Девизните резерви на рекордни 3,127 милијарди евра

0
By Нова ТВ on October 20, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 20, 2019 15:11

Монетарната политика во земјата е соодветна. Со монетарното олабавување остварено во првиот квартал од оваа година, Народната банка повторно испорача клучна поддршка за вкупната активност во македонската економија. Важно e што и успешното одржување на ниска и стабилна инфлација и поволната позиција на билансот на плаќања оваа година, редовно придонесуваат за интервенции со откуп на девизи од страна на Народната банка на девизниот пазар. Главно како резултат на овие интервенции, постигнато е историски највисоко ниво на девизните резерви на земјата. На крајот на август, за првпат досега, тие изнесуваа над три милијарди евра со проекции за продолжување на нивниот раст. Според најновите податоци, заклучно со минатиот месец, тие изнесуваат 3,127 милијарди евра. Високото и, според сите показатели, адекватно ниво на девизните резерви е цврста гаранција за стабилноста на денарот. 

Ова меѓу другото беше истакнато на состаноците со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) што ги оствари делегацијата предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска во рамки на Годишните средби на ММФ и Групацијата на Светската банка (СБ) во Вашингтон. Конкретно, остварени се состаноци со директорот на ММФ за Европа, Пол Томсен, со извршниот директор на ММФ задолжен за Холандско-белгиската конституенца, Антони де Ланој и неговиот заменик, Ричард Дорнбош, како и со вишата резидентна претставничка на ММФ за Западен Балкан, Штефани Ебле и со шефицата на мисијата на ММФ за нашата земја, Берглјот Бјорнсон Баркбу.

Во фокусот на состаноците, покрај монетарната политика беа и економскиот развој и економските показатели што ги следи централната банка. Гувернерката Ангеловска-Бежоска меѓу другото посочи дека расположливите податоци за реалниот сектор упатуваат дека остварувањата се во линија на проекцијата за економски раст од 3,5% за оваа година.

Со високите претставници на ММФ се дискутираше и за состојбите во банкарскиот сектор кај нас, при што беше истакнато дека се очекува негово натамошно окрупнување, кое би требало да резултира со поголема конкуренција и со подобар пристап на граѓаните до финансиските услуги. Истовремено беше одбележано дека трендот на раст на капитализираноста продолжува, а ликвидноста се задржува во адекватни рамки. За порастот на ликвидноста во изминатиот период беше нагласено дека доминантно придонесоа интервенциите за откуп на девизи на Народната банка. При анализирањето на податоците, на состаноците беше посочено и дека е мошне значајно што нефункционалните пласмани се на релативно ниско ниво. На овие состаноци се говореше и за најновите проекции на ММФ за македонската економија.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска имаше одделни средби и со раководителите на неколку дирекции на ММФ, на кои се дискутираше за можностите за поддршка од ММФ за дополнително унапредување на работата на Народната банка, преку техничка и советодавна соработка во неколку сфери на централнобанкарското работење. Во текот на вчерашниот ден, како претставник на шесте земји од регионот коишто сѐ уште не се членки на Европската Унија, таа учествуваше и на состанокот на Надзорниот одбор на Виенската иницијатива 2, на којшто се разговараше за најновите движења во рамки на банкарските системи на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа.

Учеството на Годишните средби на ММФ и СБ, Ангеловска-Бежоска го искористи и за состаноци со свои колеги, гувернери на други централни банки. Притоа се разменија мислења за повеќе актуелни економски прашања, а се разговараше и за развивање на соработката.

Делегацијата на нашата земја имаше состаноци и со потпретседателот на СБ за Европа и Централна Азија, Сирил Милер, со регионалната директорка на СБ за Западен Балкан, Линда ван Гелдер и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашата земја, Кун Дависе, како и со директорката за Европа и Централна Азија на Меѓународната финансиска корпорација, Вибке Шломер.

Анита Ангеловска-Бежоска Девизни резерви Македонија ММФ Нина Ангеловска Светска банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.