Алваро Мората (24) ја продолжува кариерата во Манчестер јунајтед. Напаѓачот на мадридски Реал и самиот се пофалил на пријателите за претстојниот трансфер за што и британските медиуми јавуваат дека е завршена работа. Според нив, управата на „црвените ѓаволи“ ќе плати 70 милиони евра за услугите на шпанскиот репрезентативец што засега го прават да биде најскап фудбалер во летниот преоден рок.

Жозе Мурињо уште во мај стапил во контакт со Мората пришто изразил желба да го има во нападот на Манчестер јунајтед како замена за Златан Ибрахимовиќ кому му истече договорот на крајот на сезоната.

Интерес за Мората пројави и Челзи, но конечната одлука, сепак, беше во насока на „Олд трафорд“ со оглед дека одлично го познава и португалскиот менаџер во чиј мандат дебитира за првиот тим на „кралскиот клуб“.