Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Москва му забрани влез во Русија на близок соработник на Коѕијас

0
By Нова ТВ on August 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 7, 2018 11:28

Забрана за влез во Русија за директорот на политичката канцеларија на Никос Коѕијас и протерување на двајца грчки дипломати се „контра мерките“ на Москва, откако Атина протера двајца руски дипломати, а за двајца забрани влез.

– Како лична порака до министерот за надворешни работи Никос Коѕијас,  би требало да се карактеризира одлуката на Москва да забрани влез во Русија за шефот на неговата политичка канцеларија, Јоргос Сакелариу, коментира грчкиот весник „Та неа“, пренесува МИА.

Ддипломатски извори за грчките медиуми, одлуката на руското МНР, ја опишале како „несиметричен“ потег, бидејќи Атина презела мерки затоа што имала јасни докази за активностите на Русите во Грција. Истите извори најавиле дека Атина ќе одговори соодветно.

Грчкото издание на „Хафингтонпост“, анализира и коментира дека одлуката на Москва е врвот на „ледената карпа“ во грчко –руските односи, што нема да се стопи лесно и брзо, бидејќи крие „стратешко несогласување“ и релациите Атина–Москва ги поврзува со претстојниот референдум кај нас.

– Атина е решена да оди до крај во обидот за имплементирање на Договорот од Преспа за конечно решавање на прашањето за името на ПЈРМ. Ако резултатот од референдумот во Скопје на 30 септември е „да“ за употреба на ерга омнес името Република Северна Македонија, грчката влада ќе оди напред, па дури и под ризик да се „скрши“ коалиционата влада СИРИЗА- Независни Грци, пишува искусниот новинар од „Хафингтонпост“ и додава дека Ципрас откако „измерил“ дошол до заклучок дека „перспективата на Скопје во НАТО и ЕУ ќе биде долгорочно во корист на грчките интереси“.

– Наспроти ова, Москва смета дека Атина им служи на интересите на НАТО и го олеснува проширувањето на сферата на влијание на Американците на Балканот и во Југоисточниот Медитеран. Тоа е тешко за прифаќање за руската надворешна политика, со голема гео- стратешка цена. Со овие факти, 30 септември се развива во рок за целосна реорганизација на соодносите во нашиот регион, коментира „Хафингтонпост“.

 

Грција дипломати Коѕијас Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.