Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОСТ: Низа нерегуларности пред изборите во период од 1 и пол месец

0
By Влатко Чаловски on April 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 6, 2016 13:27

За период од месец и пол (17.февруари до 3.април) регистрирани се многу повеќе случаи на прекршувања за разлика од почетокот на набљудувањето на МОСТ пред распишувањето на изборите од 1.декември 2015 година.

Имено како што информираше првиот човек на Граѓанската асоцијација, зачестени се случаите на подготвување на списоци на потенцијални гласачи на ВМРО-ДПМНЕ во администрацијата, при што е зголемен и бројот на гласачи кои треба да бидат доставени, од 3 на најмногу 10. Ваквата појава најмногу била присутна во образовните институции, но исто така има регистрирани случаи и во јавни претпријатија, па дури и во приватниот сектор.

Во овој период од над 1 месец ваквата појава била забележана во 15 општини, додека пак во 18 општини бил забележан притисок врз вработените во администрацијата да посетуваат партиски настани на владејачката партија.

– Овие притисоци се сеопфатни и се вршат врз лица кои се вработени во јавните институции, лица кои допрва треба да се вработат, како и врз лица на кои треба да им се трансформира работниот однос, односно да добијат постојано вработување. Притисоците се вршат во разни форми, како на пример закани за преместување на работна позиција во друга општина, изрекување на дисциплински мерки или отказ, соопшти Алексов.

МОСТ апелира до сите вработени во јавниот и приватниот сектор да не вршат, ниту пак да подлегнуваат на вакви притисоци кои претставуваат повреда на слободата на определување на избирачите и се казниви согласно Кривичниот законик.

– Потенцираме дека правото на работа е загарантирано со Уставот и секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. Вработените во администрацијата го имаат истото уставно загарантирано избирачко право како и сите останати граѓани на Република Македонија, потенцираше првиот човек на МОСТ.

Непочитување на принципот на одвоеност на државата и партијата при обраќањето на државните функционери на промотивните настани организирани од државните и јавните институции е забележано во 5 општини. Непочитувањето на овој принцип се состои во тоа што функционерите на овие настани ги промовираат своите партиски програми за следните парламентарни избори. Функционерите во 6 општини посетувале настани организирани од нивната политичка партија во текот на работното време.

Од почетокот на набљудувањето, односно од 1 декември 2015 г. до 3 април, од добиени 2.011 извештаи забележани се следните случаи:

– Непочитување на принципот на одвојување на државата и партијата во 22 општини;

– Злоупотреба на службената положба, односно притисоци врз вработените во администрацијата во 22 општини;

– Злоупотреба на државни ресурси, односно употреба на службени возила за партиски цели во 11 општини.

Од МОСТ потенцираат деак иако ја набљудуваат теренската проверка на Избирачкиот список, немаат целосен увид во овој важен процес.

Од подрачните канцеларии не соработувале со набљудувачите на МОСТ и не им давале информации за тоа како тече процесот на теренска проверка.

Обука за спроведување на теренската проверка добиле само вработените во подрачните канцеларии на ДИК, кои потоа истата им ја пренеле на анкетарите.

– Сметаме дека поради притисок од кусите временски рокови, спроведувањето на теренската проверка и процесите поврзани со неа се одвиваа и ќе се одвиваат забрзано, што заедно со сите недостатоци на процесот споменати претходно, ќе има негативно влијание врз нејзиниот квалитет, а со тоа и врз целокупниот процес на прочистување на Избирачкиот список, заклучи Алексов.

МОСТ ја повикува ДИК да се произнесе за сите предизвици со кои се соочила во текот на овој важен процес, и не само за теренската проверка, туку на јавноста да и соопшти јасно и недвосмислено дали може да гарантира спроведување на кредибилни избори.

Денешниот извештај на МОСТ беше презентиран во присуство на амбасадорите на САД и на ЕУ а присутни беа и амбасадори на други земји-членки на Унијата.

Дарко Алексов Дик Избирачки список избори МОСТ притисоци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.