Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мурињо „боцка“: Бев шампион пред 18 месеци, Венгер пред 18 години

0
By Нова ТВ on November 18, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 18, 2016 22:42

Жозе Мурињо го пецна Арсен Венгер пред утрешното дерби меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал на „Олд Трафорд“ во рамки на 11 коло во Премиерлигата. Португалецот изрази незадоволство што не е почитуван доволно во споредбите на британските медиуми со неговиот француски колега. Познато е дека двајцата менаџери не се „мирисаат“, нетрпеливоста меѓу нив е повеќегодишна и датира од првиот мандат на „специјалниот“ во Челзи во периодот 2004-2007 година.

Арсен Венгер

„Рекордот против било кој тренер не е важен. Единствено важно за мене е што ќе освоите како тим. Нашите резултати се наша препорака. Утре се игра меч во Премиерлигата на два тренера со рекорди. Алекс Фергусон повеќе не е овде. Мислам дека станува збор за шест или седум титули. Јас имам три, тој има три или четири, не знам точно“, изјави Мурињо на официјалната прес-конференција пред натпреварот. Патем, Венгер нема победено ниту еден тим на Мурињо во Премиерлигата.

Мурињо беше шампион со Челзи во сезоните 2004/05, 2005/06 и во 2014/15, а Венгер со Арсенал во сезоните 1997/98, 2001/02 и 2003/04.

Жозе Мурињо

„Дали тоа значи дека треба да нè почитуваат и во периоди кога резултатите не се најдобри? – Мислам дека господин Венгер ја има почитта на медиумите и мислам дека јас ја немам. Посебно што последната титула ја освоив пред 18 месеци, а не пред 18 години. Но, јас го следам својот пат и сакам четврти трофеј во Премиерлигата“, рече Португалецот.

За периодот по отказот во Челзи нагласи дека имал бројни понуди, но и дека не сакал да избрзува во исчекување на вистинската.

„Сега сум во клубот во кој сакам да бидам. По отказот во Челзи не бев во неволја. Напротив. Имав многу понуди меѓутоа не зборам за нив бидејќи тоа е прашање на принцип. Можев веднаш да најдам работа во некој од најголемите клубови во Европа, но чекав. Освојував шампионски титули со четири различни клуба и сакам да бидам првак со секо клуб во кој работам. Би бил убав подвиг ако успеав во тоа и со Манчестер јунајтед“, заклучи „специјалниот“.

 

Англија Арсен Венгер Арсенал Жозе Мурињо Манчестер Ј. Премиерлига фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.