Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Музичкиот избор на челичната канцеларка: Панк на прошталната забава на Меркел со 200 гости

0
By Sashko on November 29, 2021 СВЕТ
Фото: 24hoursworld.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 29, 2021 21:28

Ангела Меркел мина 16 долги години како канцелар на Германија, една од најбогатите земји на Стариот континент. Земјата во овој период се подготвува за проштална забава на челичната канцеларка која со децении ја обликуваше европската политичка сцена.

Меркел за својата прослава го избра омилениот бенд, кој ќе ги свири нејзините три омилени песни. Церемонијата ќе се одржи во четврток, а на неа ќе присуствуваат „само“ 200 гости поради пандемијата на коронавирус. Меѓу нив ќе има и 52 министри од претходните четири влади на чело со Меркел.

Иако со децении е една од главните фигури на политичката карта на Европа, Меркел успеа да ја изненади јавноста. На нејзината проштална забава ќе свири оркестарот на Бундесверот, кој ги изведува нејзините омилени песни. Една од желбите на канцеларката во заминување е песната „Заборавивте филм во боја“, која во 1973 година ја испеа Нина Хаген, позната како „мајката на панкот“.

Втората песна во избор на „Меркијавели“ е „Црвените рози треба да паднат“ во изведба на иконата на германската музичка сцена Хилдегард Кнеф. Третата музичка желба на Ангела Меркел е „Свети Боже, го славиме твоето име“, екуменистичка христијанска песна од 18 век.

Изборот на канцеларката ги воодушеви граѓаните со оглед на тоа што нејзините претходници избраа повеќе класични песни. Герхард Шредер сакаше да ја слушне „Мојот пат“ на Френк Синатра, додека пред него Хелмут Кол ја напушти функцијата во ритамот на Бетовеновата „Ода на радоста“.

Меркел наскоро ќе ја предаде канцеларската функција по долги 16 години. Нејзиниот наследник Олаф Шолц доаѓа од редовите на социјалдемократите, а функцијата министер за финансии ја извршуваше во последната влада на чело со Меркел. Таа е на чело на техничката влада од изборите одржани во септември. Олаф Шолц се очекува да ја преземе функцијата до 8 декември, што ќе го означи конечниот крај на владеењето на Ангела Меркел.

Ангела Меркел Германија Избор музика Проштална забава Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026

Австралија им даде азил на пет ирански фудбалерки

March 10, 2026
ФОКУС
March 14, 2026

Скопје: Работнички протест за минимум достоинство

ВЕСТИ March 14, 2026

Протестот денеска во 12:05 часот почна пред Работничкиот дом во Скопје, продолжи пред Собранието, за…

Кочани: Градот ја одбележува годишнината од трагедијата во „Пулс“

March 14, 2026

Скопје: Работниците денеска сабота 14-ти март од 12:05 на протест за подостоинствен живот

March 14, 2026

Скопје: Протест на работниците за подоинствен живот – стартува во 12.05, сабота, 14-ти март од пред Домот на синдикатите

March 13, 2026
ТИКЕР

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026

Австралија им даде азил на пет ирански фудбалерки

March 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.