Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР за немирите: Повредени вкупно 23 припадници на службите

0
By Нова ТВ on April 10, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 10, 2016 22:34

МВР соопшти дека во денешниот обид на мигрантите да ја минат македонско-грчката граница повредени биле вкупно 23 службеници и тоа 14 полициски службеници и девет припадници на АРМ, а оштетени се три возила на МВР и пет возила на АРМ како и повеќе полициски штитови и друга опрема.

Нема повредени меѓу странски полициски службеници од Унгарија, Чешка, Србија, Словенија,  Хрватска и Австрија кои учествувале во обезбедување на границата.

Во немирите, според проценката на МВР, учествувале околу 3.000 мигранти.

Од МВР велат состојбата која ескалира утрото се смирила по 18.30 часот.

Пред да почнат немирите, претставници на грчката полиција побарале средба на претставници на мигрантите и полицијата од македонска страна. Мигрантите се интересирале зошто државната граница е затворена и кога истата повторно ќе се отвори. Од страна на претставник на МВР одговорено е на прашањата по што мигрантите се повлекле во грчкиот камп.

Според информациите на МВР, подоцна поголема група на мигранти, помеѓу 1000 и 2000 лица, започнала насилни протести со извикување, фрлање на камења и разни предмети. Од страна на безбедносните сили е отпочнато со одбивање на мигрантите при што се употребени и хемиски средства, меѓу кои и солзавец.

Група од 20 до 30 мигранти ја пробиле оградата и се обидела илегално да влезат на територијата на Република Македонија, но се спречени.

Друга група мигранти, пак, од 500-1000 лица се обидела да ја пробие оградата подалеку од каменот 59, но и таа група е спречена да влезе на македонска територија.

МВР соопшти дека судирите меѓу мигрантите и безбедносните сили повремено траеле до 18.30 часот кога сите групи на мигранти се повлекле во длабочина кон грчка територија.

граница МВР Мигранти протести солзавец
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.