Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На дебата за пензиите, Мицотакис и Ципрас се расправаа за Договорот

0
By Нова ТВ on December 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 12, 2018 08:39

Иако не беа на дневен ред, прашањето за името и Договорот од Преспа беа дел од темите за кои грчкиот премиер Алексис Ципрас и лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис разменија меѓусебни обвинувања.

Жестоката дебата се случуваше за време на вчерашната пленарна седница во грчкиот Парламент пред гласањето на законот што ги поништува одредбите што предвидуваа кратења на пензиите од 1 јануари 2019

Опозиционерот Мицотакис, како што пренесе МИА, ја обвини актуелната влада дека се пазарела и го „размени скопското прашање за пензиите“,  а паралелно побара да се распишат избори за грчкиот народ да одлучи за Договорот од Преспа.

-Господине Ципрас, ќе ви го кажам она што меѓу себе го дискутираат веќе сите граѓани: го разменивте скопското прашање со намалувањето на пензиите. Разменивте мерка што не требаше да ја имате изгласано, со една голема национална отстапка. Ова, господине Ципрас, беше билетот, со кој патувавте од Преспа до Итака. Во Преспа, каде што ги отстапивте македонскиот јазик и македонската националност, а на Итака, каде што го изрежиравте наводниот излез од меморандумите. Но, ова не им служи на интересите на земјата. Им служи на странските интереси, рече Мицотакис.

-И доколку со овој закон, овде носиме размена и не ги намалуваме пензиите бидејќи ја распродаваме Македонија, вие зошто ќе гласате за овој закон што е замена за распродавањето на Македонија? Зошто го гласате? Зарем не Ви е ни најмалку срам да ги кажувате овие работи во грчкиот парламент? Колку ниско ќе паднете? Ве повикувам да не гласате за да не се скратат пензиите, доколку мислите дека тоа е производ на размена за едно толку критично национално прашање, му одговори Ципрас.

Лидерот на Нова демократија побара да се распишат предвремени избори „за да му се даде можност на народот да ја земе судбината во свои раце и самиот народ да одлучи за срамниот Договор од Преспа“.

Исто така, Мицотакис побара одговор од грчкиот премиер да ги коментира последните изјави на македонскиот премиер и го повтори неговиот став од изминатите денови дека „Заев слави и го промовира договорот“ бидејќи го добил она што ниту еден грчки премиер во изминатите 26 години не го отстапил- македонски јазик и македонска националност.

Грчкиот премиер му одговори на Мицотакис дека Договорот од Преспа не признава никаква нација или националност, додека пак за јазикот повтори дека тој е официјално признат од 1977, а воедно упати порака и до Македонија, дека доколку не се почитува она што е предвидено со Договорот од Преспа, нема да има ни ратификација во грчкиот парламент, ни членство во ЕУ и НАТО.

-Неколку пати имам нагласено, а е разјаснето и од сите меѓународни фактори дека поранешната југословенска Република Македонија мора, како со уставните амандмани што се дискутираат овие денови, бидејќи се разговара за претстојната промена на Уставот како што е дефинирано од Договорот од Преспа, но така и со изјавите на нејзините функционери, мора да ги почитува духот и текстот на Договорот од Преспа. Ако тоа не се случи, им кажавме и нив, но и јавно дека нема да оди напред ниту договорот ниту интеграцијата на соседната земја во меѓународните организации, рече Ципрас и додаде дека внимателно, без избрзување чекаат да заврши процесот на уставни измени.

Грција Договор Преспа Македонија Мицотакис парламент Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.