Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На европскиот север по историја: Шкендија со Розенборг по групи во ЛЕ

0
By Нова ТВ on August 23, 2018 СПОРТ
Фото: facebook.com/fcshkendija/
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 23, 2018 12:26

На европскиот север по клупска историја. Фудбалерите на Шкендија вечерва се гости на Розенборг во првиот меч од плејоф рундата за групна фаза во УЕФА Европа лигата. Мечот на „Леркендал“ стадионот во Трондхајм е од 20.45 часот.

Улогата на фаворити им припаѓа на Норвежаните. Свесни за тоа се тетовци кои најавуваат борба до последен атом од силите и верба дека можат до резултат за активен реванш на „Филип Втори“ арена. Но, македонскиот шампион е свесен и за третата шанса во низа што ја има пред себе за уште шест силни меѓународни настапи до крајот на годината. Гент се испречи пред „црвено-црните“ во 2016 година, Милан во 2017 година, сега Розенборг кој можеби не претставник на првиот европски ешалон клубови, но, секако, е за респект за трофејната историја и големото искуство на европската сцена.

„Цврсто сме решени за конечно да ја минеме и оваа фаза во Лига Европа и да се пласираме во групите. Нема да биде лесно. Го гледавме и анализиравме Розенборг кој е најдобриот клуб во Норвешка. Можам слободно да кажам дека ова ќе биде двомеч на две израмнети екипи. Кој ќе продолжи натаму во Лига Европа ќе се решава на реваншот во Скопје. Ќе биде одлично ако постигнеме гол вечерва. Дојдени сме по тоа, дојдени сме по добар резултат“, истакна Ќатип Османи, тренер на Шкендија.

На претходните три гостувања во квалификациите за Лигата на шампиони ова лето, тетовци забележаа два пораза и реми. Загубија од ТНС во Велс со 0:4 и од Салцбург со 0:3, а мрежите мируваа во Тираспол во реваншот со Шериф, исход што е посакуван и денеска и по можност со голови.

Плејоф за Лига Европа

Торпедо Кутаиси (Грузија) – Лудогорец (Бугарија)

Зенит Санкт Петербург (Русија) – Молде (Норвешка)

Тренчин (Словачка) – АЕК Ларнака (Кипар)

АПОЕЛ (Кипар) – Астана (Казахстан)

Шериф Тираспол (Молдавија) – Карабаг (Азербејџан)

Сигма Оломуц (Чешка) – Севилја (Шпанија)

Судува (Литванија) – Селтик (Шкотска)

Сарпсборг (Норвешка) – Макаби Тел Авив (Израел)

Малме (Шведска) – Митјиланд (Данска)

Аталанта (Италија) – Копенхаген (Данска)

Базел (Швајцарија) – Аполон (Кипар)

Диделанж (Луксембург) – Клуж (Романија)

Олимпијакос (Грција) – Барнли (Англија)

Генк (Белгија) – Брондби (Данска)

Олимпија Љубљана (Словенија) – Спартак Трнава (Словачка)

Партизан (Србија) – Бешикташ (Турција)

Рапид Виена (Австрија) – ФЦСБ (Романија)

Зорја (Украина) – Лајпциг (Германија)

Гент (Белгија) – Бордо (Франција)

Глазгов Ренџерс (Шкотска) – УФА (Русија)

Розенборг (Норвешка) – Шкендија (Македонија)

квалификации Лига Европа Розенборг фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.