Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Кочан ќе му се суди, судијката одлучи да почне главната расправа

2
By Нова ТВ on November 14, 2017 ПОЛИТИКА
Фото мкд.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 14, 2017 12:02

Во Кривичниот суд започна главнта расправа за предметот „Труст“ на СЈО, во кој во кој првообвинет е бизнисменот Сеат Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Одбраната на Кочан, на второобвинетиот Василија Авировиќ и на третообвинетиот Сафет Ватиќ, се обидоа да го вратат случајот на почеток, односно на подготвителна расправа.

Но судијката Лидија Трајковска Зимбовска го отфрли барањето на адвокатите на одбраната, наместо главна расправа, да се одржи подготвителна расправа. Обвинителот Гаврил Бубевски им ги подели цедињата и од доказите од истрагата, по што немаше пречка да се премине на воведни зборови и изјаснување на обвинетите за вина.

Претходното судско рочиште на 7 ноември беше одложено, бидејќи адвокатите на одбраната ја немале добиено листата со докази што ги предлага Специјалното јавно обвинителство.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Предметот, како што објави СЈО, е оформен врз основа на три прислушувани разговори, од кои два необјавени во јавноста од 3.8.2011 и 6.10.2011 година.

По двомесечното бегство, откако му беше одредена мерка притвор, Кочан се врати во земјава и си ја обезбеди слободата со гаранција од близу еден милион евра во движен и недвижен имот.

Фирми на Сеад Кочан и Љубисав Иванов – Ѕинго под истрага на СЈО

На 18 октомври Основниот суд Скопје 1, го прифатил обвинителниот акт за случајот „Труст“, во кој првообвинет е бизнисменот и сопственик на ТВ Нова, Сеад Кочан. Обвинението за „Труст“ е напишано на 57 страници, од кои на 50 се наведени доказите. СЈО за овој случај навело и сослушување сведоци.

Сеад Кочан судење Труст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.