Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На лекување во Грција остануваат уште двајца повредени од трагедијата во Кочани, си дојде и последната пациентка од Солун

0
By Marija Todorovska on May 27, 2025 ВЕСТИ
Фото: Општа болница „Папаниколау“
Фото: Општа болница „Папаниколау“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 27, 2025 16:11

Од општата болница „Папаниколау“ во Солун, вчера беше отпуштена и последната пациентка, која заедно со уште две лица беа хоспитализирани на 16 март, само неколку часа по трагичниот пожар во Кочани, додека пак во Грција, на лекување остануваат уште двајца повредени, згрижени во атинската воена болница.

Од солунската болница, денеска преку соопштение информираа дека и тројцата пациенти на возраст од 19, 25 и 26 години веќе се отпуштени и „заврши тешкиот, но успешен циклус на хоспитализација на тројцата млади“ кои со сериозни изгореници првично беа хоспитализирани на Одделот за изгореници со клучна поддршка од Одделот за интензивна нега, а потоа, „следеше нивна грижа во Клиниката за пластична хирургија и хирургија за раце при болницата“.

Првата пациентка беше отпуштена на 11 април, вториот пациент пред две седмици, а последната пациентка хоспитализирана во „Папаниколау“, синоќа си замина од болницата. Текот на нивната здравствена состојба покажа стабилно подобрување, како резултат на колективниот напор и високата научна способност на медицинскиот персонал на инволвираните одделенија. Последниот отпуст беше издаден на 26 мај, во силна емоционална атмосфера, означувајќи го почетокот на нивното враќање во нормалноста. За персоналот во болницата, најголема награда беа насмевките на пациентите и нивните семејства, соопштија од „Папаниколау“.

Дополнително управата на болницата, преку соопштението изрази срдечна благодарност до медицинскиот персонал за нивната посветеност и хуман пристап, како и „до надлежните органи на соседната земја за беспрекорната соработка и доверба што ја покажаа во грчкиот јавен здравствен систем“.

На тројцата млади и на нивните семејства од срце им посакуваме здравје, сила и оптимизам за иднината, пишува на крајот од соопштението.

Во попладневните часови на 16 март, со амбулантни возила, тројцата млади лица со сериозни изгореници здобиени во пожарот во дискотеката во Кочани беа итно пренесени во болницата „Папаниколау“ во Солун, а беа и првите хоспитализирани во Грција.

Потоа следеа уште двајца во Солун во воена болница, а неколку дена подоцна, со два медицински лета на грчкото воено воздухопловство во Атина беа префрлени уште седум пациенти.

Од вкупно 12 лица хоспитализирани во Грција, на лекување остануваат уште две лица, момче и девојка, кои се во Атина и не се во животно загрозувачка состојба, а се очекува и тие набргу да се вратат дома.

Грција Кочани пациенти пожар Солун
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.