Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најави темелна истрага: Премиерот Рама јавно се извини на граѓаните за скандалот со објавените лични податоци

0
By Sashko on December 23, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По вчера обелоденетиот скандал, со јавно објавениот список на плати, единствени матични броеви и работни места на 637.138 албански граѓани, функционери, политичари, јавна и државна администрација, како и вработени во приватниот сектор, денеска реагираше и премиерот Еди Рама.

Тој упати јавно извинување до граѓаните за „упадот во нивниот приватен живот“, ветувајќи темелна истрага, но не отфрлајќи ја можноста дека „целта на ова е насочена кон дестабилизација на земјата“.

Сакам да се извинам на сите оние кои со право се загрижени за ваквото мешање, во овој аспект, од нивниот приватен живот, а во меѓувреме од почеток сакам да истакнам дека ова е настан кој заслужува темелно да се истражи. Посакувам, се надевам и ги повикувам органите на прогонот да спроведат истрага најдобро што можат. Од друга страна, би сакал да споделам со јавноста дека според мене не е тешко да се разбере дека целта на сето ова е да се поттикне нестабилност во земјата, што не е прв обид, рече Рама.

Тој додаде дека, со оглед на изјавите од собраниските и антисобраниските говорници, можеби ова не е последен ваков чин, па затоа „мојот повик до Обвинителството е да направи темелна истрага“.

Целосно да се истражат сите, вклучително и даночните инспектори кои имаат пристап до системот на плати, во рамки на делокругот на нивните работни надлежности, оние кои моментно работат во овој систем или други кои можеби го напуштиле овој систем во периодот од извлечените податоци до денес, но и оние кои од собраниските говорници и антисобирите предупредуваат на други зли намери, посочи тој.

Рама истакна дека од прелиминарните анализи тоа „повеќе личи на интервенција од внатрешна инфилтрација“.

Би сакал да појаснам дека имаме работа со интервенција, која секако треба да се истражи до крај, но која со прелиминарната анализа повеќе личи на интервенција од внатрешна инфилтрација, а не од надворешна, во форма на кибер напад, што исто така се случува. Но, сепак не сме ниту први ниту последни ако се однесува само на последниот временски период, рече Рама.

Според него, во периодот 2019/20/21 година, вакви настани се случиле во многу земји, со, како што рече, многу повисоки капацитети и сајбер одбрана, како САД, Русија, Велика Британија и Канада, што е „нов предизвик на времето“.

Веднаш по објавување на скандалот, албанскиот претседател, Илир Мета го оцени како криминален акт, кој го доведува во опасност социјалниот мир и побара итна истрага. Тој оцени дека објавувањето на ваквите податоци претставува флагрантно кршење на слободите, човековите права и достоинство, законите и Уставот, додавајќи дека се работи за „последователен плод на незаконитост“.

Реагираше и опозициската Демократска партија, која побара од премиерот Рама да ја преземе одговорноста, како главен виновник и да поднесе оставка поради предметниот скандал.

Албанија Еди Рама извинување лични податоци Објава реакција регион скандал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.