Според најновиот пресек во Србија за последните 24 часа се потврдени 1.565 нови случаи на коронавирус и 38 починати лица.

Сметајќи ги и нив, во Србија досега се регистрирани 1.265.228 милиони случаи на ковид-19, додека починаа вкупно 11.955 пациенти.

Во последното деноноќие се тестирани 13.837 граѓани, хоспитализирани се вкупно 3.449 лица од кои 178 се приклучени на респиратори.