Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Налог на Врховниот суд на ЕУ: Полска да плаќа казна од еден милион евра дневно

0
By Sashko on October 27, 2021 СВЕТ
Фото: kafkadesk.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Врховниот суд на Европската Унија (ЕУ) ѝ наложи на Полска да плаќа казна по еден милион евра дневно поради непридржување на европската пресуда за реформа на правосудството во Варшава, јавуваат светските медиуми.

Според соопштението на Европскиот суд на правдата, причина за таквиот потег е досегашното одбивање на земјата да ги спроведе одлуките на највисоките судски инстанци за контроверзните реформи во правосудството.

Конкретно, станува збор за за налог за запирање на работата на спорното дисциплинско тело за санкционирање на судии. Според пресудите на Европскиот суд на правдата, таквата активност не е компатибилна со правилата на ЕУ за независност и непристрасност на судството, пишува „Зидојче цајтунг“.

Судот соопшти дека казната е неопходна „за да се избегне сериозна и непоправлива штета по правниот поредок на Европската Унија и вредностите на кои почива таа Унија, посебно на владеење на правото“.

Финансиските санкции за Полска се побарани на 9 септември од комисијата при ЕУ што е одговорна за следење на владеење на правото во ЕУ. Санкциите ќе траат сè додека Полска не ги исполни налозите на Европскиот суд на правдата.

Европски суд на правда ЕУ казна Полска правосудство реформи Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.