Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наскоро јавна дебата за реформите во прво, второ и трето одделение

0
By Нова ТВ on December 4, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 4, 2017 13:03

Новата Влада е определена кон одржливи решенија во образовниот систем, во којшто досега многу се експериментираше, а најголема штета претрпеа децата, учениците, студентите… Наша обврска број еден е да им овозможиме на децата индивидуални знаења. Така се станува добар механичар, но и врвен научник, истакна денеска премиерот Зоран Заев на конференцијата „Квалитетно образование за раст, резултати и подобра иднина“, во организација на УНИЦЕФ и МОН.

– Нашите ученици учат многу предмети, а имаат лоши знаења, рече Заев, додавајќи дека Министерството за образование и наука започнало со ревизија на наставните планови и програми и на учебниците, како и на менување на законите што се однесуваат на образованието.

– Така ќе ги утврдиме и факторите поврзани со постигнувањата на учениците и ќе ги нотираме конкретните фактори што донеле до послаби резултати, рече Заев.

Се планира и намалување на бројот на предмети во училиштата за учениците да можат да ги стекнуваат знаењата главно таму, за да имаат повеќе слободно време. Фокусот исто така е и кон квалитетно средно стручно образование и повеќе пракса. Во високото образование, се размислува за пократки студиски програми, од три години.

Предмет на разггледување, како што кажа Заев, е и оценувањето на децата од рана возраст, како и воведувањето повеќе спорт во училиштата, иновации во наставата…

Образложувајќи ги реформите во основното образование, министерката за образование и наука Рената Тренеска Десковска истакна дека наскоро на јавна дебата ќе биде ставен материјалот за реформи во првите три одделенија од основното образование.

– Целта е да се понуди образование што ќе биде прифатено од децата и кое што ќе им понуди квалитетно образование особено во делот на јазичната и математичната писменост каде што Македонија е всушност и најслабо рангирана, рече министерката која додаде дека дали овие промени ќе бидат најнапред воведени во пилот училишта или не зависи од јавната дебата.

Странува збор, појасни таа, за измена на целокупниот наставен план за прво одделение како наставните содржини што се учат, оптеретеноста на децата, фокусот, методите на учење. Возраста за почнување на децата на училиште нема да се менува.

Во однос на проемните на системот на оценување што го најави премиерот, Дескоска Треневска кажа дека треба да се оценува суштинско знаење и извлекување заклучоци. – Тоа ќе биде дел од вкупниот пакета на реформите, рече министерката.

Претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс, истакна дека децата треба да се подготват за свет кој никогаш не престанува да се менува и токму затоа реформите во образовниот сектор не значат премин од една статична положба во друга, туку постојан и континуиран напор на падаговијата да остане во чекор со промените.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На конференцијата присуствуваат околу 500 учлесници кои ќе имаат можност да слушнат меѓународни образовни експерти, реномирани лидери и поборници за квалитет, рамноправност и ефикаснсот на образовните системи. Присуствуваат и експерти на Светската банка, УСАИД, ОЕЦД, како и од Словенија, Хрватска, Албанија и Србија.

Заев конференција образование Рената Треневска Дескоска реформи УНИЦЕФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.