Владата почнала да ја разгледува и анализира рамката за решение за името која ја поставил медијаторот Метју Нимиц на последната рунда преговори во Њујорк, а Кабинетот на министерот за надворешни работи Никола Димитров е во координација со Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов и средбата меѓу државниот врв и поголемите политички партии треба да се случи наскоро, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Датумот за средбата во моментов се уште не е прецизиран, но, вели, ќе се случи наскоро.
Како што беше објавено во медиумите, на заедничка маса треба да седнат Заев, Иванов, како и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.
Во следните десетина дена во земјава треба да дојде и медијаторот за спорот со името, Метју Нимиц, иако точен датум кога ќе дојде тој, како што вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски, се уште не е утврден.
Детали од средбата на премиерот Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас денеска Давос, од Владата најавуваат во попладневните часови.