Дурент го доби дуелот со Вестбрук во убедливиот триумф на Голден Стејт над Оклахома со 122:96. Ѕвездата на „вориорси“ постигна 39 коша од кои, рекордни, седум тројки во неговата кариера. Кон нив додаде и седум скока. Вестбрук, пак, кој оваа сезона има просек од 34 поени, овојпат беше запрен на скромни, за него, 20. Двајцата беа одлична во одбрана со таа разлика што на Дурент се му поаѓаше од рака во напад.

Кари и Томпсон беа негова најголема поддршка со 21, односно, 18 коша, двоцифрени кај „тандерси“ беа Оладипо (21), Сабонис (13) и Адамс (11).

„Добро ги познавам овие момци. Се борат за победа во секој натпревар“, рече Дурент за поранешните соиграчи во Оклахома.

Дабл-дабл ефект забележа Леброн Џејмс во победата на Кливленд над Бостон со 128:122. Најдобриот играч на реализира 30 коша и 12 асистенции и за три скока не успеа и до трипл-дабл. Одлична вечер имаа и Лав (26 поени) и Ирвинг (23). На спротивната страна, Бредли беше прв стрелец со 26 поени.

Убедливи беа и кошаркарите на Милвоки против Индијана (125:107), Денвер тесно ја порази Минесота со 102:999.

НБА лига

Резултати

Орландо – Сакраменто 102:94

Минесота – Денвер 99:102

Кливленд – Бостон 128:122

Голден Стејт – Оклахома 122:96

Милвоки – Индијана 125:107