Турските власти по играчот на Оклахома: Налог за апсење на Енес Кантер

Како причина за тоа, според турски „Дејли Сабах“, е јавната поддршка на кошаркарот на тандерси за прогонетиот верски лидер Фетулах Гулен и неговото движење „Хизмет“ на социјалните мрежи како и критиките за начинот на владеење на претседателот Реџеп Таип Ердоган

НБА лига: Вестбрук со 35. трипл-дабл во сезоната

Плејмејкерот на Оклахома со 18 поени, 14 додавања и 11 скока во убедливата победа над Филаделфија со 122:97. До крајот на основниот дел на сезоната има уште 11 меча што ќе бидат можност за него за стигнување на Оскар Робертсон кој е рекордер со 41 двоцифрен учинок во три статистички категории

Шоу во НБА лигата: Харден со 53 коша, Вестбрук со најбрз трипл-дабл

Ѕвездата на Хјустон додаде и 17 асистенции и 16 скока во триумфот над Њујорк со 129:122, плејмејкерот на Оклахома, пак, забележа 17 коша, 14 асистентции и 12 скока против Л.А. Клиперс (114:88) за што му требаа 23,26 минути

НБА лига: Дурент ја „растури“ Оклахома

Голден Стејт триумфира со 122:96, ѕвездата на „вориорси“ постигна 39 коша од кои, рекордни, седум тројки во неговата кариера. Вестбрук запрен на, скромни за него, 20 поени со оглед дека има просек од над 34 во оваа сезона