Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НБА лига: Харден со трипл-дабл го урна Сан Антонио

0
By Нова ТВ on November 10, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 10, 2016 10:08

Џејмс Харден го предводеше Хјустон до важна победа на гостувањето во Тексас. „Ракетите“ го совладаа Сан Антонио со 101:99 во одличната вечер на нивната прва ѕвезда во тимот кој забележа трипл-дабл ефект. Мечот го заврши со 24 поени, 12 скока и 15 асистенции, Рајан Андерсон му помогна со 20 коша, Ерик Гордон уфрли 15. На „спарс“ не им беа од корист ниту 34 поени на Леонард, останатите беа под ниво во натпреварот.

Филаделфија останува без победа во НБА лигата во оваа сезона. Беше блиску во дуелот со Индијата што на крајот им припадна на „пејсерси“ со 122:115 ппо продолженија. Одлична партија во основниот дел од средбата имаше Џеф Тог, засилувањето од Атланта, кој постигна 30 коша, работите во свои раце во екстра баскетот ги презеде Пол Џорџ. Со своите седум поени во дополнителните пет минути ја реши средбата.

Лос Анџелес Клиперс дојдоа на скор од 7-1 по убедливиот триумф над Портланд со 111:80. Товар презедоа тројца кошаркари и успешно се носеа со анемичните „блејзерси“. Најрасположен меѓу нив беше Блејк Грифин со 22 коша и 13 скока додека целата стартна петорка на поразената екипа беше задржана во рамки на 10 поени.

НБА лига

Резултати

Индијана – Филаделфија 122:115

Њујорк – Бруклин 110:96

Орландо – Минесота 107:123

Вашингтон – Бостон 118:93

Шарлот – Јута 104:98

Атланта – Чикаго 115:107

Оклахома – Торонто 102:112

Феникс – Детроит 107:110

Сан Антонио – Хјустон 99:101

Голден Стејт- Далас 116:95

Л.А. Клиперс – Портланд 111:80

Атланта кошарка НБА лига Сан Антонио Џејмс Харден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.