Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неопходниот ковид сертификат го зголеми бројот на вакцинирани, дневно над 1.000 нови случаи

0
By Sashko on August 19, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: foph-coronavirus.ch
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Задолжителното приложување сертификат за примена најмалку една доза вакцина што е потребен за влез во многу места и присуство на разни настани, го зголеми процентот на вакцинирани. До завчера се ревакцинирани речиси пола милион граѓани. Паралелно со вакцинацијата, се зголемува и бројот на новозаразени, кој веќе два дена е по 1.000 лица на ден. Расте бројот и на починати како компликација од вирусот. Министерството за здравство вчера соопшти дека во претходното деноноќие се регистрирани 15 починати лица.

Сертификат за примена најмалку една вакцина против ковид-19 или доказ дека болеста е прележана пред 45 дена, од вчера се потребни за влез во кафуле, обложувалница, трговски молови, казина, културни настани и секаков вид прослави. Мерките се дозирани со цел да се зголеми опфатот за вакцинација и да се спречи ширењето на вирусот, истакна вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Десеттина проценти од сите кои се дијагностицираат во текот на денот, како што рече, се вакцинирани. Исто така, десеттина проценти од хоспитализираните се вакцинирани.

Тоа што охрабрува е дека од вкупната бројка на вакцинирани која во текот на вчерашниот ден достигна 600.000 малку се дијагностицирани. Бројката се мери во промили 0,002, што значи дека главен проблем е во бројот на граѓани кои не се вакцинирани. Воопшто немаме проблем со тие кои се вакцинирани, и во другите земји заболуваат, меѓутоа за 20 пати е помал ризикот од смртен исход ако заболи некој кој е вакцинира, рече Филипче.

Тој посочи дека во градовите каде има повисок опфат со вакцинација од близу 50 проценти засега нема притисок во болниците како што се Битола, Охрид и Штип. Потенцира дека здравствениот систем е целосно подготвен за новиот ковид-бран.

Од 50-тина случаи на кои е направен скрининг во изминатите денови, две третини отпаѓаат на делта сојот, а една третина на британскиот сој што значи дека овој сој е подоминантен и следиме како се одвива епидемиолошката крива, рече Филипче.

Премиерот Зоран Заев, пак, вчера изјави дека мерките се предложени од најстручните луѓе во државата.

Согласно мерките, како што беше јавно, јасно и прецизно објавено, за учество во колективен настан, културен настан, симпозиум, семинар, угостителски објект или кој било објект или субјект каде има повеќе од 30 присутни мора да се има потврда за примена вакцина. Мерката е исто така потврдена и за другите објекти, субјекти и настани дека мора да се има потврда за примена вакцина со тоа што објектите над 30 луѓе капацитет, мора да определат редари. Тие што имаат под 30 капацитет, самите вработени тоа го организираат или одговорни за настанот или во самиот угостителски објект, појасни Заев.

Од 1 септември за сите туристи домашни и странски, посочи премиерот, ќе важи обврската за ПЦР тест или задолжителна потврда за прележана зараза, за сите што излегуваат и влегуваат во државата.

И покрај зголемувањето на бројот на заразени и починати од Ковид-19, премиерот Заев изјави дека не се размислува да се одложи стартот на пописот на населението, домаќинствата и становите, кој ќе се спроведе од 5 до 30 септември.

Заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 612.391 граѓани. Министерството за здравство информира дека во текот на завчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација.

Според информациите од Министерството, завчера прва доза вакцина примиле 11.732 граѓани, а вкупно се вакцинирале 17.427.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста, се намалува шансата од заболување, како и смртен исход од истата, се вели во соопштението од МЗ.

Досега, во државата вкупно се аплицирани 1.097.855 дози вакцини, а ревакцинирани се 485 464 граѓани.

Вакцина Ковид-19 Македонија мерки сертификат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.