Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ништо ново од денешната расправа во Собрание, новиот спикер ќе почека

0
By Влатко Чаловски on March 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Актуелниот претседавач со конститутивната седница, кој сега веќе е поранешен собраниски спикер, Трајко Вељаноски ја прекина седницата која ќе продолжи утре во 11 часот.

Откако пратениците од СДСМ апелираа наместо да се троши време од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за меѓусебни реплики и контра-реплики додека се расправа за избор на Комисијата за избори и именувања, и да се премине на избор на нов собраниски спикер, Вељаноски изрази надеж дека утрешниот ден ќе донесел нешто ново во Законодавниот дом.

Тој се обврза секоја наредна седница со која ќе претседава до изборот на нов претседател на Собранието, да ја започнува во 11 часот.

Денешниот ден не донесе ништо ново во Собранието споредено со вчерашниот. Најредовен на говорницата беше Илија Димовски кој постојано вели дека треба да се дебатира за, како што ја нарекува тој, Тиранската Платформа, односно за документот потпишан од албанските лидери кој претставувал закана од “кантонизација“ и “федерализација“ на Македонија.

Артан Груби од ДУИ, денеска, обраќајки се на македонски јазик за да го разберат подобро неговите колеги, рече дека се работи за заедничка изјава на албанските лидери која се содржела од предизборните програми на албанските партии, а премиерот на Албанија, Еди Рама бил само посредувач помеѓу нив бидејќи не можеле да се договорат да седнат во Скопје.

– Политичката декларација е направена во Скопје и таа е за европска Македонија за сите граѓани. Сите точки од декларацијата се од програмите на партиите на Албанците и таа на ниеден начин не задира во унитарноста на државата, кантонизација или федерализација, рече пратеникот Груби.

На темата “кантонизација“, “бинационалност“, “федералзација“ која во Собранието ја туркаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се надоврза и Џеват Адеми од ДУИ кој, зборувајќи за односот ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, ништо од тоа не важело, туку не постигнале согласност за влада само поради Специјалното јавно обвинителство.

На денешното продолжение на седницата, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се надоврзуваа и се надополнуваа едни со други, пратениците од останатите партии постојано бараа Вељаноски да ги искористи механизмите кои му се на располагање и наместо јавноста да гледа циркус од собраниските клупи, да се премине на четвртата точка на која ќе се избира нов претседател на Собранието.

Инаку Илија Димовски, кој е најредовен на собраниската говорница изминативе два дена, е човекот кој треба да раководи со Комисијата за избори и именувања, што според СДСМ е апсурд бидејќи самиот го кочи својот избор.

Во таа комисија, договорено е односот да биде 6,5,1,1, односно најголем број членови да има ВМРО-ДПМНе, па СДСМ, и по еден од ДУИ и Беса, а откако ќе се избере, најсериозен кандидат за претседател на Собранието се наметнува Талат Џафери од ДУИ, поддржан од СДСМ.

Артан Груби Беса ВМРО-ДПМНЕ ДУИ Илија Димовски реплики СДСМ Собрание Тиранска Платформа Трајко Вељаноски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.