Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Норвешкото обвинителство бара Брејвик да остане во затвор: И денеска е опасен исто и кога уби 77 лица

0
By Sashko on January 20, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 20, 2022 14:07

Државното обвинителство во Норвешка денеска побара неонацистотот Андерс Бехринг Брејвик да биде задржан во затвор, истакнувајќи дека е исто толку опасен, колку и во 2011 година кога уби 77 лица.

Брејвик (42), кој тврди дека се одрекол од насилство, побара условно ослободување. Пред десет години тој беше осуден на казна затвор од 21 година, која може да се зголеми ако се процени дека тој е опасен за околината.

Брејвик е истиот злосторник кој ги повикуваше кај себе младите во Утоја, кои му поверуваа дека ќе им помогне, а тогаш пукаше во нив, кажа главната обвинителка Хулда Карлсдотир во судот во Телемарк.

Денеска заврши последниот ден од сослушувањето, кое од безбедносни причини се премести во спортската сала на затворот во Скиен, на југот од земјата, каде Брејвик ја отслужува казната.

На 22 јули 2011 година, десничарскиот екстремист прво активира бомба близу зградата на Владата во Осло и притоа уби осум лица. Потоа уби уште 69 лица, најголем дел од нив млади, пукајќи од огнено оружје во летниот камп за млади на островот Утоја.

Брејвик неделава изјави дека се одрекол од насилство. И понатаму ќе се залага за неонацистичките идеи, но, како што рече, на мирен начин.

Во манифестот што го објави пред нападите во 2011 година, Брејвик јавно призна дека ќе го искористи судењето како платформа за ширење на својата идеологија.

Пред тројцата судии тој упати нацистички поздрав, мафташе со пораки испишани на хартија и држеше долги идеолошки тиради.

Казната му беше изречена во 2012 година по што влезе во период од најмалку десет години затвор пред да може да побара условно ослободување, што беше максимум во тоа време.

Барањето на Брејвик, кој психијатарот и затворските власти го оценуваат како подеднакво опасен, како и во моментот на нападот, беше априори осудено на неуспех, пренесуваат француски медиуми.

Андерс Бехринг Брејвик Затвор. Барање Норвешка обвинителство Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.