Првиот човек на руската дипломатија, Сергеј Лавров утре ќе отпатува во работна посета во САД, каде што предвидено е да се сретне со американскиот колега Рекс Тилерсон со кого ќе разговараат за конфликтите во Сирија и Украина.
Меѓу другото, двајцата ќе го разгледаат и прашањето за смирување на тензиите во Сирија, како и за прашањето за хуманитарниот пристап, но и за пронаоѓање политичко решение за блискоисточната земја.
За Украина, главна тема ќе биде како да се спречи насилството во источниот дел од земјата и во целост имплементирање на Минскиот договор.