Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова лидерска за начелен договор или нов конкретен датум за избори

0
By Нова ТВ on May 10, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нова лидерска средба за нов датум на избори, ако во таа насока бидат и стручните анализи и препораки на Комисијата за заразни болести и здравствените власти поради пандемијата на ковид-19. Премиерот Оливер Спасовски вели дека избори ќе има и неопходно е да се одржат што поскоро, дел од членовите на Владата деновиве истакнаа став дека „избори треба да има што ситуацијата со коронавирус го дозволи тоа“. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, во една прилика посочи дека „средината на јули би бил идеален момент“ за изразување на волјата на граѓаните, иако, како што вели, „приоритет е здравјето на граѓаните во овој момент“. Но, дали ќе има начелен договор или и конкретен датум, ќе биде познато во вторник по средбата кај претседателот Стево Пендаровски.

Премиерот Оливер Спасовски, вчера соопшти дека одлуката за избори, пред сè, ќе се базира на интересите на државата и на граѓаните, притоа оставајќи ги на страна сите политички интереси и ќе биде детерминирана од развојот на здравствената криза. Тој очекува на лидерската средба да се постигне договор во однос на одржувањето на изборите. Според него, изборите е неопходно да се одржат што е можно поскоро.

„Не знам дали е идеално време јуни за да се одржат парламентарните избори, но заради најавите дека е можно да се врати оваа криза уште еднаш после септември, мислам дека е неопходно да се одржат што е можно побрзо, имајќи предвид дека на државата и се потребни функционални институции што ќе можат да носат одлуки за сите прашања кои се во интерес на граѓаните“, посочи Спасовски.

Министерот за здравство Венко Филипче, пак, вели дека во однос на изборите ќе останат внимателни за тоа што ќе препорачаат здравствените експерти следната недела. Препораката ќе се темели врз основа на бројките на пациентите и анализа на случаите.

За лидерот на СДСМ Зоран Заев нема да има посоодветен период за избори од јуни годинава. Сепак, услов е кризата со коронавирусот да биде целосно одмината. Изборите, според него, треба да се одржат поскоро и поради фактот што немаме Парламент, и имаме техничка Влада, а не политичка.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, останува на ставот дека во моментот изборите не се прв приоритет на партијата. Најважно е здравјето на граѓаните. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски рече дека ќе излезат со коментар по самата лидерска средба откако ќе ги воочат проценките на Советот за безбедност и каков ќе биде ставот на претседателот Стево Пендаровски.
На лидерската средба кај шефот на државата во вторник поканети се лидерите на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ, на ДУИ, на ДПА, на БЕСА и на Алијансата на Албанците. Поканет е и претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој смета дека по завршувањето на вонредната состојба треба да продолжат изборните активности каде што застанаа, а ДИК веднаш да почне со подготовка на процесот.
Зоран Заев избори лидерска средба Македонија Оливер Спасовски Христијан Мицккоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.