Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска беа извлечени двојките за новата сезона во Првата лига. Актуелниот првак Шкендија во првото коло ќе гостува во Кавадарци кај Тиквеш.
ПМФЛ, сезона 2021/22, двојки за 1 коло
Тиквеш – Шкендија
Брегалница – Шкупи
Работнички – Борец
Македонија Ѓ.П. – Пелистер
Академија Пандев – Струга
Ренова – Скопје
Новото издание на Првата македонска фудбалска лига ќе стартува на 7/8 август.