Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова судница во „Идризово“ и реконструкција на затворот во Битола преку ЕУ фондови

0
By Нова ТВ on May 21, 2020 ВЕСТИ
Судница во Идризово
Судница во Идризово
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 21, 2020 13:48

Нова судница во затворот „Идризово“ и реконструкција на затворот во Битола се двата комплетирани проекта преку ИПА 2 програмата на Европската Унија (ЕУ) за поддршка на правосудството во земјата. На отворање на судницата во „Идризово“ присуствуваат министерката за правда, Рената Дескоска во придружба на шефот за соработка во ЕУ Делегацијата, Никола Бертолини и директорот на Управата за извршување санкции при Министерството за правда, Јовица Стојановиќ, се вели во соопштението на Делегацијата на ЕУ во земјава.

Новиот простор ќе овозможи безбедни и економски услови за одржување судења во затворот „Идризово“. Вкупниот буџет за овој проект изнесува 1,25 милиони евра од кои 975.000 беа обезбедени од ЕУ.

Истиот ден во Битола, шефот на Одделот за економски прашања во Делегацијата на ЕУ, Фрек Јанмат и директорот Стојановиќ го пуштија во употреба реконструираниот затвор во Битола. Со комплетираниот проект се подобруваат условите за живот на осудените и на притворените лица во тамошниот затвор, преку примена на соодветно техничко и просторно подобрување на условите во согласност со стандардите на ЕУ. Вкупниот буџет на овој проект изнесуваше 1,025 милиони евра од кои над 750.000 беа обезбедени од ЕУ.

Беше најавено дека ЕУ, преку проектот „Подобрување на капацитетите на казнено-поправниот систем и надворешните механизми во Северна Македонија“, имплементиран од Советот на Европа, ќе достави и бесконтактни топломери, апарати за дезинфекција на раце, дезинфекциски средства и ракавици на Управата за извршување санкции. Оваа донација ќе помогне во ублажување на заканата од ковид-19 во казнено-поправните домови во земјата, се додава во соопштението на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Битола ЕУ фондови затвори Идризово ИПА 2 програма Македонија судница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.