Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новата зграда на ЕУ во Брисел евакуирана два пати во пет дена

0
By Нова ТВ on October 18, 2017 СВЕТ
"Европа", новата зграда на Советот на министрите на ЕУ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Два пати во пет дена белгиските служби за итна помош ја евакуираа новата зграда на Советот на министрите на ЕУ во европскиот кварт во Брисел и одлучија да го “преселат” во друга зграда самитот на ЕУ закажан за четврток и петок.

Вработените во Советот денес беа евакуирани поради чад што излегувал од кујната на ресторанот цо зградата што го носи името “Европа”.

Чадот се формирал поради интеракција на два хемиски продукти за чистење. Сите 25 вработени во кујната имаа симптоми на повраќање и пецкање во очите. Од нив 24 без однесени во болница за дополнителни испитувања но сиот персонал на Советот, околу 150 лица, мораа да ја напуштат зградата.

Во петокот дојде до истото сценарио кога 20 лица вработени во кујната имаа исти симтпоми на повраќање и пецкање во очите. Деветмина беа однесени во болница но брзо беа пуштени дома.

Системот на вентилација беше исчистен во текот на викендот и на вработените им беше речено дека во понеделник можат да се вратат на работа. Сепак, истиот инцидент се случи и денес и официјалното објаснување за инцидентот е исто како и во петокот.

Салата во која се одржува самитот на ЕУ во “Европа”

Службите на Советот одлучија да го преселат самитот на лидерите на шефови на држави и влади на ЕУ закажан за утре и задутре во истата зграда, информира соопштение на Советот.

Самитот на ЕУ ќе се одржи во старата зграда на Советот што го носи името “Јустус Липсиус” и се наоѓа на 100 метри од новата зграда “Европа”.

“Европа”, зградата градена според сите еколошки стандарди, беше инагурирана пред неполна година.

Брисел евакуација Европа ЕУ Јустус Липсиус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.