Здравствените власти на БиХ регистрираа нови 2.624 случаи на коронавирус во последните 24 часа од направени 4.912 тестови. Починаа 21 лице од кои 13 во Република Српска и осум во Федерацијата БиХ.

Од вкупниот број на позитивни резултати, во Федерацијата БиХ се евидентирани 1.840, во Република Српска – 693 и во дистрикт Брчко – 91.