Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови 30 дена притвор за Игор Југ – ОЈО го товари за водач на толпата

0
By Нова ТВ on September 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 29, 2017 14:01

Судот му одреди 30 дневен притовор на Игор Југ, насилникот од крвавиот четврток, по што тој е вратен во истражниот затвор затвор во Шутка.

Рано утрово од притвор Југ беше донесен во судот откако Основното јавно обвинителство  го осомничи дека е водачот на толпата која упадна во Собранието на 27 април, кога насилници тепаа пратеници од опозицијата.

Од Обвинителството информираа дека поднеле обвинителен предлог за водач на толпа, оти пронашле нови докази.

-Од досега прибавените докази од Основното обвинителство произлезе дека покрај за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, постои основано сомнение дека осомничениот преземал дејства како водач на толпа во врска со случувањата во Собранието од 27 април годинава. Поради тоа, надлежниот јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка и за кривично дело „учество во толпа“ што ќе изврши кривично дело, за кое дело пропишана е казна затвор од една до 10 години, се вели во соопштението.

Обвинителството побара нови триесет дена притвор поради опасност од бегство, попречување на истрагата и можност за повторување на кривичното дело.

Претходно директорот на затворот Шутка, каде ја издржуваше мерката притвор, потврди дека утринава во 5 часот Југ бил спроведен на распит. На Југ, кој беше уапсен на 21 септември му истекуваше 8 дневниот притвор кој му беше одреден веднаш по настаните во Собранието.  Беше уапсен во станот на неговиот татко во Куманово. Претходно се товареше за поседување оружје без дозвола.

 

27.април Игор Југ ОЈО притвор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.