Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбележување на Денот на МНР: Димитров донира маски и визири на Црвениот крст

0
By Нова ТВ on April 29, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 29, 2020 14:29

Министерот за надворешни работи Никола Димитров по повод 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи, донираше маски и визири во Црвениот крст на Северна Македонија.

„Министерството за надворешни работи деновиве организираше транспорт на медицинска помош од Пекинг до Скопје од која еден дел – 10.400 заштитни маски и 1.000 визири кои преку Црвениот Крст на Северна Македонија ќе стигнат онаму каде што се најпотребни“, истакна Димитров.

Шефот на дипломатијата наведе дека денешните предизвици соодветствуваат на жедта за солидарност и поддршка, и како што рече „ние како Министерство, но и македонските граѓани, со помош на нашите пријатели правиме се да се справиме со оваа неволја и глобално бреме“.

„Денес, кога се одбележува Денот на МНР – 29 април, би сакал да ја реафирмираме нашата, но и мисијата на Меѓународниот комитет на Црвениот Крст која надминува граници, подава рака на солидарност и гради мостови на пријателства и сојузништва“, изјави Димитров.

Тој посака издржливост и истрајност на сите сограѓани во првите борбени редови против коронавирусот и изрази надеж дека со оваа донација ќе се придонесе за нивната заштита и сигурност.

„Со оглед на приликите, оваа година нема да биде одржана традиционалната прослава со која требаше да се одбележи 51 година од формирањето на Бирото за односи со странство, но вондредните околности не го прекинаа традиционалното доделување на наградата „Дипломат на годината““, рече Димитров.

Министерот за надворешни работи истакна дека наградата, оваа година за првпат ќе биде доделена на повеќе дипломати, поради, како што рече, „извонредно работеле во вонредни услови“.

„Срдечни честитки за Елеонора Тодоровска, Миа Димитровска, Јумни Сали, Драган Богдановски, Агим Муртезани, Срѓан Хаџи-Николов, Катина Георгиев, Бекри Ајдини, Бони Цветановскa, Сашка Талевска, Решат Бериша, Есат Велиу, Марјан Софрониески, Синиша Иванковиќ, Атина Ничоска и Сузана Тунева. Благодарност до овие членови на Кризниот штаб при Министерството, кои неуморно и посветено се справуваа со предизвиците при репатријацијата на македонските граѓани, кои беа затекнати во странство поради пандемијата. Честитки до нив и до сите дипломати, моите драги колеги во МНР и во нашите ДКП-а, за нивниот придонес во развојот на македонската дипломатија. Нека ни е честит Денот на Министерството за надворешни работи“, истакна министерот.

Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити ја прими донацијата и се заблагодари во име на вработените, истакнувајќи дека во овој момент повеќе субјекти во државата во услови на светска пандемија имаат иста мисија – помош и поддршка на луѓето на граѓаните на нашата држава. Истакна дека донацијата ќе биде дел од севкупните напори на Црвениот крст да излезе во помош на сите граѓани и институции кои имаат потреба.

„Дел од овие заштини маски и визири ќе бидат искористени за нашите волонтери кои секојдневно се на терен и вршат многу корисна работа во моментот и помагаат на многу наши сограѓани, но секако дека дел од опремата ќе биде дистрибуирана на нашите граѓани низ теренски активности во наредниот период со цел да бидеме дел од сите напори што се прават во смисла на подобрување на заштитата на нашите граѓани и подобрување и подигнување на здравствената култура на повисоко ниво“, рече Саити.

Визири Ден на МНР донација Заштитни маски МНР Никола Димитров Црвен крст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.