Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Охридски пливачки маратон: Победници Французите Аксел и Касињо, Поп Ацев трет

0
By Sashko on August 21, 2021 СПОРТ
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 21, 2021 19:05

Француските натпреварувачи Рајмон Аксел и Ошан Касињо се победници на јубилејното 50-то издание на пливачки маратон од серијата Ултра пливачки маратони на Светската пливачка федерација (ФИНА) што денеска се одржа во водите на Охридското Езеро.

Патеката долга 25 километри од Свети Наум до пристаништето во Охрид, Аксел ја исплива за 5:10:31 часа, победувајќи за неколку метри пред второпласираниот Едуардо Стокино од Италија (5:10:32 часа), додека трет на целта со задоцнување од само три секунди пристигна нашиот Евгениј Поп Ацев.

Во женска конкуренција најуспешна беше Ошан Касињо од Франција на која ѝ беа потребни 5:16:39 часа за да ја исплива патеката „Климе Савин“. Втора беше Каролин Жуис со време 5:45:42 часа, а трета на целта пристигна Аргентинката Пилар Гелјо со време 5:47:21 часа.

Патеката ми е позната, навикнат сум тука да пливам и да победувам. Условите беа добри, времето релативно поволно. Како пливач не сакам да пливам напред и да ги повлекувам другите, најдобро се снаоѓам кога сум со останатите во група, а пред целта го засилувам темпото. Така беше и овојпат, водев битка со останатите пред самата цел и среќен сум што повторно прв пристигнав на целта, изјави Аксел по третата победа на Охридскиот пливачки маратон.

Нашиот маратонец Евгениј Поп Ацев изрази задоволство од трката и од постигнатиот резултат во силната конкуренција што ја имаше.

Задоволен сум од постигнатото. Блиску бев до победникот и до второто место. Можев да бидам и прв, но исто така можев и да бидам и послабо пласиран. Трката беше добра, за среќа немаше невреме, иако такви беа прогнозите. Наместа имаше мали бранови, но условите се исти за сите. Ова е прва трка, ќе ги пливам и останатите маратони така што разликата во бодови не е голема, рече Поп Ацев.

Наградниот фонд на пливачкиот маратон изнесуваше 10.000 долари, рамномерно распореден во двете категории.

Првиот Ултра маратон што требаше да се одржи во Канада е откажан, додека после охридскиот на распоредот се уште две трки – на патеката Капри во Италија и Росарио во Аргентина.

Инаку, ова е 50-ти пат светската пливачка елита да се собере на Охридското Езеро, а 35-та трка од возобновувањето на Охридскиот пливачки маратон.

Евгениј Поп Ацев Охрид Пливачки маратон Рајмон Аксел спорт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.