Македонската пливачка Миа Блажевска-Еминова оствари 40-то време во квалификациите на 100 метри слободно на Летните олимписки игри во Токио. Петнаесетгодишната македонска олимпијка оствари време од 57:19 секунди, со кое победи во својата група.

Во квалификациите во оваа дисциплина учествуваа 52 пливачки, а најдобро време оствари Австралијката Ема Мекин – 52:13 секунди што е нов олимписки рекорд.

Од македонските спортисти на Олимпијадата во Токио треба да настапат уште Јован Стојоски (атлетика) во трката на 400 метри закажана за 1 август, Пуликсенија Јованоска (карате, кати) на 5 август и Магомедгаџи Нуров (борење, слободен стил, 97 кг.) на 6 август.