Австралиската Влада соопшти дека поради појавата на новиот сој на коронавирусот Омикрон ја пролонгира одлуката за повторно отворање на своите граници.

Границите требаше да бидат отворени утре за вакцинираните лица, но таквата одлука е одложена за 15 декември. Исто така е одложено и отворањето на границите за патници од Јапонија и од Јужна Кореја до 15 декември.

Во владиното соопштение се истакнува дека „привременото одложување“ е со цел да се добие време за прибирање на информации „кои се потребни подобро да се разбере сојот Омикрон на вирусот“.

Австралија е земја во која процентот на вакцинирани граѓани е прилично висок. Прва доза од вацината против ковид-19 примиле над 92 отсто од лицата постари од 16 години, а целосно се имунизирани 87 отсто од населението.