Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОН предупредуваат: Авганистанскиот банкарски систем е пред колапс

0
By Sashko on November 22, 2021 СВЕТ
Фото: unemg.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 22, 2021 12:12

Обединетите Нации (ОН) предупредуваат на тешки последици од евентуален колапс на авганистанскиот банкарски систем.

Економската цена од колапсот на банкарскиот систем, со неговите придружни негативни социјални последици, би била огромна, се наведува во денеска објавениот извештајот на Програмата за развој на ОН (УНДП).

Колку подолго е потребно за обновување на финансискиот и банкарски систем, толку подолг ќе биде периодот на опоравување поради последователниот недостаток на доверба од гледна точка на меѓународните пазари.

Оваа ерозија е тешко да се поправи и може да трае со децении, се посочува во извештајот.

ОН соопштија дека заштитата на барем дел од комерцијалниот банкарски систем е, исто така, клучна за продолжување на хуманитарните и други основни хуманитарни програми.

Откако талибанците на 15 август ја презедоа власта во Авганистан, државите ја прекинаа помошта и фондовите за развој на земјата, а резервите од над девет милијарди долари на Авганистанската централна банка беа замрзнати. Исто така, нема редовни испораки во долари во земјата, што доведе до криза со ликвидност, а граѓаните можат да повлечат само мали суми на пари.

Според прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд, авганистанската економија би можела да се намали до 30 отсто во периодот од 2021 до 2022 година.

„Покрај колапсот на економијата, проблемите во банкарскиот систем би можеле дополнително да ја намалат веројатноста за опстанок на малите и средни компании, кои се клучни за населението“, се истакнува во извештајот на УНДП.

Авганистан Банкарски систем колапс ОН предупредување Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.