Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опипување на пулсот заврши: Почнува да крчка за ново собраниско мнозинство и влада

0
By Нова ТВ on August 4, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од денеска, по одржување на конститутивната седница на Собранието, и официјално почнуваат разговори за формирање на новото парламентарно мнозинство и влада. Партиите кои по изборите неформално го опипуваа пулсот на политичката сцена, се очекува во наредниот период да ги интензивираат контактите во насока на обезбедување на минимум 61 пратеник за добивање на мандат од претседателот Стево Пендаровски за составување на владиниот кабинет.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со преговори за нова влада, како што најави и по изборите, ќе почне по Илинден. Во интервју за хрватскиот неделник „Национал“ пред десетина дена, тој рече дека СДСМ има убедливо најголем коалициски потенцијал.

„Мандатот за формирање на нова Влада е кај СДСМ и коалицијата „Можеме“. Веднаш по празникот Илинден, ќе влеземе во процес на преговори за идно коалицирање и формирање состав на Влада“, рече тогаш Заев.

Тој најави дека ќе разговараат за коалицирање со сите партии што се подготвени да го прифатат европскиот, демократскиот, слободарскиот, напредниот концепт и патот што Северна Македонија го оди како земја членка на НАТО. За „структурите кои заговараат идеи различни од демократскиот и европскиот концепт“, како што рече Заев, не може да бидат дел од идната владеачка коалиција водена од СДСМ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, завчера во обраќањето по повод двата Илиндена од струшко Ташмаруништа, повтори дека „ќе учествува во натпреварот за формирање влада што се игра до последна минута“.

Мицкоски минатата недела рече дека не поддржува широка коалиција и смета оти таквата Влада ќе биде неефикасна, како што се покажало и докажало и со техничката влада. Во таа прилика истакна дека нема ништо конкретно околу преговорите за нова Влада и оти досега се сведува на „мерење на политичките сили“. Тој оцени дека не би се изненадил ако никој не успее да формира влада и не ја исклучува можноста за нови парламентарни избори наесен.

На неговите тврдења за нови избори, премиерот и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски рече дека Мицкоски секој ден ги менува ставовите и оти на изборите што поминаа има јасен победник, а тоа е СДСМ.

Претседателот Пендаровски минатата недела најави дека мандатот за состав на идната влада ќе го довери на оној кој ќе увери дека обезбедил мнозинство во Собранието. Посочи дека уставната норма е кристално јасна – мандатот го добива кандидатот на партијата или партиите што имаат мнозинство во Собранието и тука претседателот нема буквално никаков маневарски простор.

„Најконкретно, ќе го доделам мандатот на кој било претставник на која било од шесте изборни листи кои освоија пратеници во парламентот, кој ќе ме увери дека има мнозинство од 61 пратеник“, потенцира Пендаровски во минатонеделното интервјуто за „Фокус“.

Пендаровски во Илинденското обраќање од Меморијалниот центар „АСНОМ“ на Пелинце, изрази очекување дека новата влада ќе се формира што е можно побрзо и таа влада, како што рече, ќе нема комоција да избегне тешки прашања во првите 100 дена. Новата Влада, според него, ќе има и друга комплексна задача, особено, како што рече, по изборната кампања во која беа изречени тешки обвинувања и лични дисквалификации што дополнително ги продлабочија поделбите меѓу граѓаните, истакувајќи оти помирувањето ни е потребно повеќе од кога било во историјата.

Според Уставот, претседателот на државата е должен во рок од 10 дена од конституирањето на законодавниот дом, да го довери мандатот за состав на Владата на кандидат на партијата, односно партии што имаат мнозинство во Собранието. Мандатарот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, треба да поднесе програма и предлог состав на Владата до Собранието.

На предвремените парламентрани избори што се одржаа на 15 јули, коалицијата „Можеме“ предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата „За обнова на Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15, коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива – 12, Левица – два и ДПА – еден мандат.

Влада Избори 2020 Македонија мнозинство преговори Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.