Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Емоциите во Милано скапо платени, сега нема што да загубиме

0
By Нова ТВ on August 23, 2017 СПОРТ
Фото: facebook.com/fcshkendija/
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 23, 2017 23:55

Игра за престиж, за сопствено достоинствено, за чесно збогување со меѓународната сцена и со желба за барем еден гол во мрежата на Милан во последните 90 европски минути во ова лето. Со ваква цел Шкендија ќе влезе во утрешниот реванш со Милан во плеј-офот за Лига Европа. Патникот за групната фаза од двомечот е познат уште по првиот натпревар во Милано, па македонскиот вицепрвак е пред предизвик за поправање на впечатокот во првиот настап на „Телеком арена“ по трите претходни на „Младост“ во Струмица против Дачија, Хелсинки и Тракаи.

„Ќе играме за чест, а имаме и обврска за поправање на впечатокот. Скапо ги плативме емоциите во Милано и настрадавме поради индивидуални грешки. Деновиве се фокусиравме на нивно елиминирање и да не ги повториме во реваншот. Тешко е да имате посед на топка против екипа каква е Милан меѓутоа не планираме да се браниме. Овојпат немаме што да загубиме. Сакаме да играме и се надевам дека ќе успееме да постигнеме гол. Измени во составот ќе има, но нејасно е дали ќе може да сметаме на Ферхан Хасани и на Жуниор поради повреди“, изјави менаџерот на Шкендија, Ќатип Османи.

Шкендија е свесна за преголемиот залак што го има во Милан и свесна е дека има негатива што е недостижна против клуб каков што е седумкратниот европски шампион. Па, затоа како единствен императив над тетовскките „црвено-црните“ се наметнува добро издание против големиот противник.

„Сакаме да покажеме дека изданието на „Сан Сиро“ не е вистинското лице на Шкендија. Нагетивата е, секако, голема, но ние сме цврсто решени да излеземе на терен и одиграме најдобро што знаеме и умееме. Евентуална победа ќе значи многу и за нас фудбалерите и за клубот и за навивачите. Ќе биде тешко, но наше е да се обидеме. И ќе се обидеме. Во тоа нема сомневање“, порача капитенот на тетовци, Ферхан Хасани.

Правдата во реваншот меѓу Шкендија и Милан е доверена на судиска тројка од Романија. За главен арбитар е делегиран Иштван Ковач чии асистенти ќе бидат Василе Флорин Маринеску и Овидиу Артене. Мечот на „Телеком арена“ е со почеток од 20,45 часот.

Лига Европа Плеј-оф Ќатип Османи Ферхан Хасани фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.