Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Основен кривичен суд Скопје: Се укинува притворот на С.М. и се наложува веднаш да биде пуштен да се брани од слобода

0
By Sashko on December 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 29, 2021 17:36

Основниот кривичен суд Скопје информира дека од Апелацискиот суд Скопје доцна попладнево му е доставено решение со кое Второстепениот суд ја прифатил жалбата на обвинетиот С.М., изјавена против решението на Кривичниот совет со кое се прифаќа предлогот на Јавниот обвинител за определување мерка притвор против обвинетиот во предметот со КОК 63/21 во јавноста познат како „Плацови на Водно“.

Според решението на Апелациониот суд, жалбата на обвинетиот се прифаќа, а првостепеното решение се преиначува така што притворот спрема обвинетиот се укинува и се наложува истиот веднаш да биде пуштен да се брани од слобода. Решението на второстепниот суд во текот на денов ќе биде експедирано до странките во постапката и КПД Затвор – Скопје, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Претходно, портпаролот на Апелација, Татјана Дуковска, потврди дека Апелацискиот суд во Скопје ја уважил жалбата на одбраната за притвор на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, определен во случајот „Плацови на Водно“ и го преиначи првостепеното решение.

Решението од второстепениот суд е испратено до Основниот кривичен суд од каде се очекува да биде доставено и до затворот „Скопје“ во Шуто Оризари каде Мијалков ја издржува мерката притвор. Сè уште нема информации дали вечерва Мијалков ќе замине дома.

На прашањето дали одлучувал истиот состав на Кривичен совет, како и претходно, таа изјави дека Кривичниот совет во судот е еден совет, со тоа што редовните судии имаат и заменици судии кога се спречени да постапуваат.

Инаку, претходно адвокатите на Мијалков поднесоа гаранција во имот вреден 11.106.501 милиони евра дека тој нема да избега, за притворот што претходно го имаше во случајот „Трезор“ и првостепено е осуден на осум години затвор. Апелација ја прифати гаранцијата и го укина притворот минатата среда, но Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција истиот ден побара притвор за случајот „Плацови на Водно“ каде тој е еден од обвинетите.

Македонија Основен кривичен суд Плацеви на Водно притвор Сашо Мијалков слобода
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.